Шахпаска: Со Законот за недела неработен ден ги унапредуваме правата на работниците

-

Министерката за труд и социјална политика во денешното интервју за Утрински брифинг оцени дека со новото законско решение кое предвидува недела да биде ден за неделен одмор се унапредуваат работничките права, што е предуслов за мотивиран работник. Инаку, на вчерашната седница на Собранието, Законот за работни односи беше изгласан со 62 гласа „ЗА“ и еден против. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за Законот.

„Се радувам што Собранието, после една година транспарентна дебата со сите засегнати учесници во нашето општество, синдикатите, претставниците на работодавците, стопанските комори и други партнери на социјалниот дијалог, го донесе Законот за работните односи, кој предвидува недела да биде ден за неделен одмор. Овој Закон предвидува 92 проценти од работниците во недела да не работат. Ќе работат само оние дејности кои се неопходни за нормално функционирање на државата, како што се вработените во електро-дистрибутивниот сектор, здравствениот сектор, комуналните дејности … Работниците кои ќе работат во недела ќе добиваат додаток на плата од 50 до 100 проценти повеќе за секој изминат час. Работниците се нашиот најголем човечки капитал, унапредувањето на нивните права е приоритет за Владата и Министерството за труд и социјална политика“, нагласи министерката Шахпаска.

Таа додаде дека при подготовката на законското решение се користени позитивни искуства и од земјите во соседството и од други европски држави. Измените на Законот за работни односи кои ја дефинираат недела како неработен ден треба да почне да се применуваат од 1 јануари наредната година. Вчера Собранието ги усвои и измените во Законот за трговија, во кој исто така се регулира дел од работата во недела. Согласно законските измени, за 92 проценти од работниците недела треба да биде неработен ден.

За останатите, кои ќе можат да работат во недела, измените предвидуваат за најмалку 50 проценти поголема дневница и слободен ден за оние кои се дел од дејностите неопходни за функционирање на општеството, дејности во кои работниот процес не смее или не може да биде запрен, како и 100 отсто поголема дневница и слободен ден за оние кои ќе работат во несуштинските дејности на кои ќе им биде дозволено да работат.

Меѓу дејностите кои мора да работат за нормално функционирање на општеството, во Законот за работни односи се наведени: одгледување животни, мешовито фармерство, вадење на јаглен и лигнит, вадење на руди на метал, печатење и издавање на весници, производство на леб, слатки во свежа состојба и бисквити, производство на плочи, листови, цевки и профили од пластични маси, производство на индустриски гас, производство на метали, аптеки, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад идејности на санација на околината, како и копнен, цевоводен, воден и воздухопловен транспорт.

Работодавачите кои ќе го прекршат законот ќе се соочат со забрана за работа од 15 дена и прекршочна пријава. Доколку работодавецот го повтори истиот прекршок во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавецот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок на плата во висина на платата исплатена претходниот месец и притоа, не смее да го намали бројот на вработените.

Оддржан онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на РСМ и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење на поддршката...

Маржата за трговија на мало и големо се ограничува на 10 проценти до крајот на април

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на ограничувањето на маржите и колкаво намалување на цените се очекува од таа мерка, изјави: „Па очекувам. Во текот на...

Интерпелацијата за членови на Судскиот совет наспроти Законот за СС

Краток преглед на Деловникот на Собранието и Законот за Судски совет покажува дека не постои поврзаност помеѓу интерпелацијата што ја поднесоа пратениците на владејачките партии во Собранието и законските можности, бидејќи...

ЗНМ и ССНМ најостро ги осудуваат кампањите за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро ја осудува тековната кампања за оцрнување насочена кон независните и критички настроени медиуми. Оваа кампања...

Оддржан онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на РСМ и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење...