недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Блаже Конески | 25 резултати

Со помош на вештачка интелигенција креирани 245 портрети на Блаже Конески

декември 19, 2022

Графичкиот уметник Небојша Гелевски – Бане, по повод 101 година од раѓањето на Блаже Конески, користејќи вештачка интелигенција, креирал повеќе од 245 портрети на доајенот. Користејќи 24 фотографии од Блаже Конески, уметникот создал модел за Конески, а потоа „го препуштил“ на вештачката интелигенција (ВИ), која креирала портрети според зададените насоки или стилови. По создавањето на […]

101 година од раѓањето на Конески: Да продолжиме да пишуваме на македонски

декември 19, 2022

Пораката да продолжиме да пишуваме на македонски јазик е една од оние што Конески ни ги остави како аманет, вели во интервју универзитетската професорка Весна Мојсова-Чепишевска, на денот кога се навршува 101 година од раѓањето на Блаже Конески. Конески е роден во селото Небрегово на 19 декември 1921 година. Основно училиште и нижа гимназија завршил […]

Ковачевски: По примерот на Конески, се грижиме за македонскиот јазик низ дела

октомври 17, 2022

Наследството на Конески е темел на македонскиот јазик, а со тоа и темел во македонскиот идентитет и во македонската национална култура – но и со безвременско значење, поради поставеноста на Конески кон иднината, како приврзаник на сфаќањето дека јазикот е жива материја, порача премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање на настанот „Отворени денови на Институтот […]

Објавена „Век со Конески, мигови со Блаже“ од Владимир Мартиновски

септември 28, 2022

Неодамна е објавена книгата есеи „Век со Конески, мигови со Блаже“ од Владимир Мартиновски, во издание на издавачката куќа „Бегемот“, со поддршка на Министерството за култура на Северна Македонија. „Збирката есеи „Век со Конески, мигови со Блаже“ од Владимир Мартиновски е значаен влог во компаративното проучување и толкување на поезијата на Блаже Конески. Водејќи грижа […]

„Немаме потреба од одбрана туку од мудрост“ – Заврши манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“

декември 21, 2021

Вчера вечер се одржа завршниот настан од манифестацијата за чествувањето на Блаже Конески во годината што е стогодишнина од неговото раѓање. „Блаже Конески, тој тивок и кроток човек, добиваше строг лик со кој до крај го бранеше секој збор, секоја буква од македонската азбука. Зашто одбраната на посебноста на македонскиот јазик за Конески е света […]

Царовска: Делото на Конески е аманет за негување и унапредување на македонскиот јазик

декември 21, 2021

Министерството за образование и наука со низа активности одбележа едно столетие од раѓањето на една од најважните личности за македонскиот јазик, нашиот голем книжевник, деец, поет и академик Блаже Конески. Сите овие активности се во насока на зголемување на афирмацијата на неговото име и дела, но и поттикнување на нашите и светските лингвисти, студенти, научници […]

Филолошкиот факултет одбележува 75 години постоење и 100 години од раѓањето на Блаже Конески

декември 14, 2021

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ со програми предвидени за 13, 14 и 15 декември го одбележува патрониот празник за јубилејните 75 години постење и 100 годишнината од раѓањето на најзначајниот деец за македонската книжевност и јазик – Блаже Конески. Вчера, 13 декември беше отворен Меѓународниот научен собир „100 години Блаже Конески и 75 години Филолошки факултет“ […]

Во четврток промоција на пет реобјавени дела на Блаже Конески

декември 14, 2021

Во чест на стогодишнината од раѓањето на великанот на македонската книжевност Блаже Конески, издавачката куќа „Арс Ламина“ реобјавува пет негови значајни дела. По овој повод, во четврток на 16 декември со почеток во 19:00 часот во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи настан: „Сто години од раѓањето на Блаже Конески: Песна од […]

На денешен ден пред 28 години почина Блаже Конески

декември 7, 2021

На денешен ден, на 7 декември 1993 година, почина академик Блаже Конески, кој беше првиот претседател на Македонската академија на науките и уметностите и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик. По повод 28 години од смртта на Блаже Конески, премиерот Зоран Заев напиша дека животот и делото на Конески се судбински поврзани со […]

Илустративен хор преку дигитални дела инспирирани од уметноста на Блаже Конески

ноември 17, 2021

На Факултетот за ликовни уметности во Скопје е отворена изложба на илустрации за јубилејната книга: „Блаже Конески – поезија и кратка проза“. На оваа ликовна изложба учествуваат седум автори: Гоце Илиевски, Владимир Илиевски, Марија Конеска, Филип Велковски, Елена Ѓорѓиевска, Иван Коминовски кои се претставуваат со 3 дигитални илустрации инспирирани од поезијата на македонскиот великан и […]

Реиздание на „Проста и строга македонска песна“ од Блаже Конески 

септември 7, 2021

Љубителите на македонска музика, но и на македонската поезија од неодамна можат повторно да го преслушаат албумот со песни од Блаже Конески – „Проста и строга македонска песна“ кој беше реиздаден како дел од прославата на три децении независност на Македонија. Албумот е збир од одбрани песни од Блаже Конески што ги рецитираат г. Конески и Цветанка […]

Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура почнува в понеделник

август 13, 2021

Од 15 август до 2 септември, во Охрид ќе се одржи 54. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. По пауза од една година, Летната школа повторно ќе се одржи со настава и предавања во живо и со почитување на пропишаните протоколи. На школата своето […]

Трибина на КИЦ по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески и Денот на македонскиот јазик

мај 5, 2021

Културно-информативниот центар–Скопје (КИЦ) организира трибина на тема: „Блаже Конески денес“, по повод 100 години од неговото раѓање, како и одбележување на Денот на македонскиот јазик, 5 мај. На трибината која се одржа во паркот пред КИЦ, за ликот и делото на Конески се зборуваше во потесна и во поширока смисла. Во потесна смисла: она што […]

Заев: Владата искрено и силно е посветена во негувањето и унапредувањето на македонскиот јазик

мај 5, 2021

Денеска го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, кој оваа Влада како дел од постојаната грижа, заштита и унапредување за нашиот мајчин јазик во 2019 година го прогласи за празник во чест на 5 мај 1945 година кога е донесено Решението на Президиумот на АСНОМ за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо на […]

Пендаровски на промоцијата на поштенска марка со ликот на Блаже Конески: Обединети стоиме во одбрана на македонскиот јазик

април 5, 2021

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на промоцијата на поштенска марка по повод јубилејот – 100 години од раѓањето на македонскиот великан, Блаже Конески, а во рамки на програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ која се одвива под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија. „За жал, и после децении […]

Советот на град Скопје ја усвои одлуката за промена на имињата на улиците, опозицијата најавува судска разврска

март 31, 2021

Листата на имиња на улици, мостови и плоштади на подрачјето на Град Скопје вчера беше усвоена од мнозинството во Советот на град Скопје, на што опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ жестоко се спротивстави и најави дека по судски пат ќе ја укинува донесената одлука на градските советници. На вчерашната седница се расправаше за имињата на 485 улици […]

Во седиштето на УНЕСКО се чествуваше 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески

март 22, 2021

Високи дипломатски претставници во УНЕСКО од Албанија, Франција, Чешка, Словенија, Србија, Тунис и Шведска денеска прочитаа дел од поезијата на Блаже Конески на настанот организиран во седиштето на УНЕСКО во Париз по повод 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура Блаже Конески и Светскиот ден на поезијата – 21 Март. Поезија од Конески на […]

Денеска се одржа тркалезна маса „Блаже Конески – мостот што ги поврзува македонските и руските слависти“

март 18, 2021

За делото на Блаже Конески пишувано е многу пати, разгледувано е од многу аспекти, но сепак и децении подоцна тоа останува актуелно. За тоа најдобра потврда е географијата на денешниот настан, но исто така потврда е и задоволството за прифаќањето на поканата на сите поканети за учество на откривањето на уште еден сегмет од делото […]

Заев во родната куќа на Блаже Конески: Тој ги запиша најубавите стихови во слава на нашиот национален идентитет

декември 19, 2020

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерката за култура Ирена Стефоска и градоначалниците на општините Прилеп и Долнени, Илија Јованоски и Џемил Ќамили денеска ја посетија родната куќа на великанот Блаже Конески, положувајќи цвеќе пред неговиот споменик во чест на неговиот роденден. – Оваа посета ја правиме и во пресрет на 100 годишнината од неговото раѓање […]

Грчко книжевно списание објави портрет на Блаже Конески и преводи на 6 песни

јуни 6, 2020

Во својот број за јуни 2020 г., грчкото списание за литература „Карта“ („Χάρτης“) објави портрет на македонскиот лингвист, писател, преведувач и поет, академик Блаже Конески (1921-1993), насловен „Житија“ („Συναξάρια“), во кој е претставен дел од наговиот опус. Веста до македонската јавност ја пренесе писателот и новинар Томислав Османли преку неговиот профил на Фејсбук. Тој укажа […]

Страна 1 од 2