„Се што ни е заедничко“ – меѓународна изложба во сабота во МСУ

Дизајн за визуелно решение на Неда Фирфова

Во сабота, на 18 декември во Музејот на современа уметност во Скопје се отвора меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“.

На оваа изложба од мултимедијален тип ќе бидат изложени дела од 11 меѓународно признати уметници: Францис Алис од Белгија, Марва Арсаниос, Шерон Хејс, Артур Џафа и Ву Цанг од САД, Хива К од Ирак, Јонас Стаал од Холандија, Дардан Жегрова од Косово, како и македонските уметници – Кристина Божурска, ОПА (Опсесивно посесивна агресија) и Игор Тошевски.

На отварањето кое започнува во 13:00 часот, ќе присуствуваат познатиот уметник од Ирак, Хива К, како и Дардан Жегрова од Косово. Уметникот Јонас Стаал од Холандија ќе го подари своето дело на музејот и со тоа ќе ја збогати вредната уметничка колекција на МСУ.

Изложбата е организирана од кураторите Мира Гаќина и Јованка Попова.

Мултимедијалната поставка ќе биде изложена до 31 март 2022 година и таа е реализирана со поддршка од Министерството за култура на Р.С. Македонија, ЕВН Македонија и Тиквеш.