Колективот „Пркос“ ќе се претстави со групна изложба во петок во МКЦ

Фото: МКЦ

Во петок во почеток во 20 часот, колктивот на млади креативци „Пркос“ организира групна изложба наречена „Паралелен универзум“ во Глаеријата во Младинскиот Културен Центар.

Со идејата: „Ние сме бенд без музичари, креативни луѓе од полиња како фотографија, илустрација, анимација и дизајн, тука не е важно од каде доаѓаш и дали те познаваат на улица, битно е да имаш очи полни љубопитност и жар, да си упорен, да создаваш и да не можеш без тоа“, учесниците Јасна Николова, Софи Лазовска, Стефан Танков, Маја Плачкоска, Бисера Гиновска, Стевица Ѓорѓевски, Ангела Стојковска, Бетсабеа Верник, Александар Арсовски ја најавуваат својата изложба.

Делата ќе бидат поставени до 10 јануари идната година.

Колективот „Пркос“ како здружение дефинирано од млади уметници и креативци кои се многу различни, во креативниот процес, стилот, и во техниката на творење постои веќе 1 година. Нивната цел е раздвижување на македонската културна сцена. Од таму велат дека наместо да гледаат на тоа како препрека, го користат и  како нешто што само повеќе ги зближува и создава одлична атмосфера за размена на искуства, за учење нови техники и за посмело кршење правила.