fbpx
Таг: изложба

таг: изложба

Изложба на графичарката Валентина Илијевска во Прилеп

Во галеријата на Центарот за култура ,„Марко Цепенков“ во Прилеп, денеска во 19 часот  ќе биде отворена самостојна изложба на графики на графичарката Валентина Илијевска. Изложбата носи наслов „За вредностите“ и содржи 24 графички листови работени во техниките дрворез, линорез и комбинирана техника.

Изложба на фотографии на Станко Неделковски

Четвртата самостојна изложба на Станко Неделковски, со наслов „Како за прв пат/ фотографијата во манипулација“, ќе се отвори утре во 20 часот во Музеј на град Скопје. На изложбата ќе бидат експонирани 43 фотографии со дигитален печат, создадени оваа година. Неделковски е поттикнат од идејата за поврзување на старите аналогни технологии со нивната дигитална обработка, во некоја форма на калемење...

Изложба на академскиот сликар Димитар Малиданов

Во Мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“, на 2 декември (вторник), во 12 часот, ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Димитар Малиданов. Познатиот уметник ќе се претстави со 35 дела, создавани во последниве неколку години. За оваа пригода, книгоиздателството „Матица македонска“, подготви каталог за творештвото на Малиданов. Изложбата ќе ја отвори академикот Луан Старова. Димитар Малиданов досега има реализирано 30 самостојни изложби, а...

Ирена Паскали изложува во престижната галерија на Чешкиот центар во Прага

Охриѓанката Ирена Паскали, која подолго време живее и работи во Скопје и во Келн, од вчеравечер изложува во престижната галерија на Чешкиот центар во Прага, заедно со уште дваесетина македонски ликовни уметници. Презентацијата, под наслов „Трансфигурирање“, ја постави Националната галерија на Македонија, по повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Чешката Република. Македонската современа визуелна сцена е претставена во...

Изложба на Тања Таневска во Софија

Вечер во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија ќе биде отворена изложбата „Космичкиот еротизам на струната и облината“ од ликовната уметница Тања Таневска. Таа дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на проф. Рубенс Корубин во 1996 година. Членува во ДЛУМ од 1997 година, учествувала на десетици самостојни и на повеќе од 180 групни ликовни изложби во Македонија...

Изложба на фотографии на Стефан Лупино

Хрватскиот фотограф Стефан Лупино вечерва во „Галерија 8“ во Безистен, во Старата скопска чаршија, ќе ја отвори својата изложба на 30 фотографии. Лупино е еден од најпознатите естрадни и модни фотографи од поранешните југословенски простори, кој има стекнато светско реноме. Тој, во текот на седумдесеттите и осумдесетите години на минатиот век, престојувал во Њујорк, каде е соработувал со големите издавачки куќи...

Иван Петрушевски – Флим со фото-изложба во Атина

Уметникот и графички дизајнер Иван Петрушевски – Флим изложува свое дело на колективната изложба на фотографии „Сеќавања“ во Атина. Изложбата се отвори синоќа, во галерискиот простор „Хоростасио“ во Атина и ќе биде достапна за посетителите до 16 декември. Темата на изложбата е поврзување на значењето на сеќавањата и носталгијата преку фотографијата како медиум. Водечката идеја е дека фотографијата сама по...

Изложба на фотографии од Стефан Лупино

На 21 ноември, во 21 часот, во „Галерија 8“ во Безистен, во Старата скопска чаршија, ќе биде отворена изложбата на фотографии од Стефан Лупино од Република Хрватска. Стефан Лупино е еден од најпознатите естрадни и модени фотографи од поранешните југословенски простори, признаен и на светско ниво. Во златниот период на 70-тите и на 80-тите години на минатиот век, Лупино престојува во Америка, во...

Изложба на Дејан Иванов – Маргуш во Мала станица

Изложбата „Космички пејсажи“ од ликовниот уметник Дејан Иванов - Маргуш вечерва ќе биде отворена во Мала станица. Изложбата ќе ја отворат директорката на Националната галерија на Македонија, Маја Неделкоска-Брзанова, и кустосот во Националната галерија, Љупчо Маленков. Дејан Иванов – Маргуш како ликовен уметник е апстрактен, исто и како и неговиот ликовен свет.

Шарпланинец од Прилеп победник на државното првенство

Вчера, во паркот со авион, во општина Аеродром, се одржа шеснаесеттото по ред државно првенство за шарпланинци. На изложбата учествуваа 55 шарпланинци, а победник е шарпланинецот од Прилеп, кој воедно е и европски првак на натпреварот во Брно оваа година. Изложбата на шарпланинци ја организираше Кинолошкиот сојуз на Македонија и Македонскиот клуб на овчарско куче шарпланинец. Целта на изложбата е афирмација на...

Изложба „In the zone” во Чифте-амам

Денеска, во 20 часот, во Националната галерија на Македонија во Чифте-амам, ќе се отвори изложбата „In the zone“, на која ќе бидат претставени седум македонски уметници: Антони Мазневски, Атанас Атанасоски, Исмет Рамиќевиќ, Јане Чаловски, Велимир Жерновски, Групата ОПА и Ѓорѓе Јовановиќ. Изложбата ја организира „Атакарнет“, Скопје (куратор Викторија Васева Димеска), во соработка со Национална галерија на Македонија. Изложбата е финансирана од Министерство за...

Четврта самостојна изложба на Кристина Зимбакова

Изложбата ќе биде поставена од 18ти ноември до 3ти декември
Во вторник, со почеток во 19 часот, во Порта „Македонија“, ќе се отвори четвртата самостојна изложба на Кристина Зимбакова, насловена „Пупки во бурата“. Таа на изложбата ќе се претстави со слики во комбинирана техника, создадени во последните неколку години. Одлики на нејзиното творештво се експресивниот и симболичен израз, вметнувањето мотиви од поезијата на Силвија Плат и на Ен Секстон,...

В недела, изложба на шарпланинци во Аеродром

В недела, 16 ноември 2014 година, во паркот Аеродром, со почеток во 10 часот, ќе се одржи изложба на единствената македонска раса на куче, шарпланинец. Станува збор за Државно првенство, кое се одржува 16. пат, а го организира Македонскиот клуб на овчарско куче „Шарпланинец“, каде што може да се пријават за учество заинтересираните сопственици на шарпланинци. Изложбата е отворена и може да...

Традиционална изложба по повод ослободувањето на Куманово

Во Уметничката галерија во Куманово вчеравечер беше отворена 58. изложба „Кумановски ликовни уметници“ во чест на денот на ослободувањето на градот. Годинава на изложбата учествуваат 24 ликовни уметници со дела работени во различни ликовни техники. Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, ја отвори изложбата, посочувајќи дека ова е годишен настан кој ги обединува ликовните уметници од градот. Изложбата се реализира со поддршка...

„Засолниште“ – монохроматски пејзажи на Мајкл Пек

Австралискиот уметник Мајкл Пек минатата недела во Мелбурн ја промовираше својата монохроматска уметничка колекција насловена „Засолниште“. Уметникот, при создавањето на серијалот, користел една боја и брзи потези со четката, а со помош на нив ги отсликува осаменоста и тишината.

Изложба на Анета Ивановска-Симјановска во Безистен

Изложбата е во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија
Во „Галерија 8“ - Безистен, во Стара скопска чаршија, во петок, во 20.30 часот, ќе се отвори изложбата на академската уметница Анета Ивановска-Симјановска. Изложбата е во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Бугарката Мариана Везарова со изложба во Прилеп

Мариана Везарова завршила Уметничка академија во Софија во класата на професорот Васил Овчаров
Уметницата Мариана Везарова од Бугарија, утре, во 19 часот, ќе ја отвори својата прва самостојна изложбата „Едно лето“, во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. - Убавината на природата, на мистичното кај морето, тревите, дрвјата, цветовите, тоа е она што ме инспирираше за овие дела. Тука е и божјото присуство, силата на љубовта. Ги пренесувам и впечатоците од...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...