fbpx

„Богатството на духот“, изложба на дела создадени од Абориџините

-

Како дел од богатата програма на чествувања по повод одбележувањето на 8 декември – Денот на патронот на Охрид – Свети Климент Охридски, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид е отворена изложба на дела создадени од Абориџините, со наслов „Богатството на духот“.
Оваа поставка ја отвори Мелинда Рио, прв секретар и конзул на Амбасадата на Австралија во Белград, која рече дека Абориџините како народ носат култура стара десеттици илјади години, а Австралијанците со време ја сфатиле потребата од заштита на нивното културно богатство.
– Многу ми е мило што сум во Охрид и што сум дел од одбележувањето на празникот Свети Климент Охридски. Дојдовме од амбасадата во Белград за да ја промовираме изложбата „Богатството на духот“ на уметниците Абориџини. Охрид има богата културна традиција и ние во Австралија имаме од Абориџините одредени богатства кои сакаме да ги споделиме – рече Рио.

На отворањето на изложбата, освен охриѓани, присуствуваа и бројни делегации и гости, кои денеска се во Охрид за да празнуваат заедно со градот и да му оддадат почит на светецот, закрилник на Охрид и сесловенски просветител – Свети Климент Охридски.

Делегации на локалната самоуправа, на политичките партии, како и на градови-пријатели на Охрид од земјата и од странство, напладне положија цвеќе на монументот на Свети Климент Охридски, на централниот градски плоштад со името на светецот. На светецот му се поклонија и му оддадоа почит делегации од бугарските општини Несебар и Пловдив, од српските Инџија, Медијана и Алкесандровац, од сараевската општина Стари Град, од хрватскиот град Винковци, од Поградец, Албанија, како и од Јалова и од Сафранболу во Турција.
Вечерва, манифестациите завршуваат со свечена академија, на која ќе бидат врачени Свети Климентовата награда и повелба.
В.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...