fbpx

Ирена Паскали изложува во престижната галерија на Чешкиот центар во Прага

-

Охриѓанката Ирена Паскали, која подолго време живее и работи во Скопје и во Келн, од вчеравечер изложува во престижната галерија на Чешкиот центар во Прага, заедно со уште дваесетина македонски ликовни уметници.

Презентацијата, под наслов „Трансфигурирање“, ја постави Националната галерија на Македонија, по повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Чешката Република.

Македонската современа визуелна сцена е претставена во чешката престолнина како континуитет на претходната, забележана изложба на реномираните чешки уметници Петра Јовановска и Јиржи Кованда во Националната галерија на Македонија.

Ирена Паскали е родена во Охрид, 1969 година. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2000 година, а магистрирала на Академијата за медиумски уметности во Келн 2007 година. Досега изложувала на бројни самостојни и групни изложби во Македонија и во светот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...