Изложба на фотографии – „Охрид, слики од минатото“

-

Во рамките на чествувањата посветени на патронот на Охрид, св. Климент Охридски, синоќа беше отворена изложба на фотографии од Охрид во минатото. Изборот е направен од фотографии објавени на фејсбук-страницата „Охрид слики од минатото“, додека љубителите на фотографијата можат да ја погледаат во атрактивниот галериски простор на „Куќата на Уранија“.

Фејсбук-групата во 2010 година ја креираше Никола Зафировски, една е од најпопуларните и во моментов брои 5.500 членови, кои објавиле околу 2.000 фотографии од минатото на Охрид.

Најстарите фотографии од Охрид потекнуваат од 1863 година. Нив ги направила австриска научна експедиција, предводена од Јозеф Секељ.

Охриѓанецот Владо Жура, најстарата фотографија за Охрид ја поврзува со престојот на експедиција на Виенската академија на науките и уметностите во 1863 година во Охрид, која траела 10 дена, а биле направени само 11 фотографии од градот и од околината. Фотографиите биле поставени на Светската изложба во Париз во 1867 година. Фотографот Јозеф Секељ за тоа добил бронзен медал.

Свеченостите по повод празникот продолжуваат и вечерва, со манифестацијата „Сите кон Свети Климента“, а ќе завршат утре навечер, со свечена академија на која ќе бидат доделени Светиклиментовата награда и повелба.

Како што е веќе објавено, Светиклиментовата награда ќе му биде доделена на познатиот сликар Јордан Манасиески.

Интернационалниот биографски центар од Кембриџ, го забележа во книгата на најзначајни личности од светот за 2013 година, додека во последниве пет години, изложуваше во Париз, Токио, Њујорк, Фиренца и во други светските уметнички метрополи и салони, од каде се врати со ласкави признанија и награди. Меѓу другото, за своето дело „Молитва за радоста“, Мансиески ја доби специјалната награда на Јапонската асоцијација за современа уметност.

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде што екипите...

Вработената во Општина Кочани беше повредена со пластично шише

„Вистиномер“ на социјалните мрежи пронајде објавен видеоматеријал на којшто е прикажан инцидентот и на него се гледа дека сите шишиња коишто се поставени на масата за советниците, се пластични, пишува „Вистиномер“ Во...

Иран упати остро предупредување до Трамп: Ќе ја завршиме оваа војна

Иран изјави дека нападот на САД врз нивнитенуклеарни постројки го проширил опсегот на легитимни цели за неговите вооружени сили и го нарекоа американскиот претседател Доналд Трамп „коцкар“ затоа што се приклучил...

Magic: The Gathering карта од новата едиција на Final Fantasy доби обид за продажба по цена од 50.000 долари

Картата „Golden Traveling Chocobo“ доби обид за продажба од 50.000 долари на eBay. Се работи за најнов кросовер помеѓу Magic: The Gathering и Final Fantasy серијалот, едицијата што излезе на 13...

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде...