Нема никогаш да се заборави – „Сеќавања“ низ призмата на Бурим Муфтиу

Фото: мета.мк

Во Националната Глаерија „Чифте Амам“ е поставена изложбата на фотографии и фото-портрети „Сеќавања“ од Бурим Муфтиу.

Изложените фотографии, односно делата на Муфтиу имаат едена централна инспирација, а тоа се манекените (куклите за облека).

Преку фотографирање на стари, веќе изобличени кукли, кои сосема ја завршиле својата функција и животниот век во користа на човекот, тој ги користи во повеќе намени. Куклите кои имаат откоранта „кожа“ на делови од лицето, кои се „обесени“ или кои имаат скршени „раце“ се всушност показатели на насилството што постои и што како форма на човечко однесување никогаш нема да се изостави. Муфтиу во инсталациите често го поставува и вистинскиот модел од кого ја има направено фотографијата што го дава чувството на вистинитост дека постои навистина куклата што се меша со реалноста бидејќи самите се правени по мерките на луѓето и за момент додека се набљудуваат успева да го убеди човечкиот ум во пораката која авторот ја пренесува – дека човечкото насилството е вистинско.

„Манекените за Бурим Муфтиу имаат двојна или тројна улога. Тој се обидува преку овие фотографии да им даде нова задача на моделите, друга функција вградена во еден концепт. Облеката им е речиси невидлива, чиниш се обидуваат да ја прикријат и да ја маскираат својата душевна состојба, спомените и сите тие ужасни искуства од минатото. Моделите снимени од Бурим Мифтиу веќе не ја рекламираат облеката, туку со изразите на лицата, со скршени екстремитети, необичен нос и очи прифаќаат сторија, разочарување и ужас. Кај инсталациите во кои манекенот е претставен во форма на кукла, тематиката е иста како и кај фотографијата – разочарувањето и болката од стварноста се примарни. Тука се надоврзува и видео инсталацијата со приказ на имагинарните ликови на манекените сведоци на едни скршени соништа“, пишува во најавата за изложбата.

„Преку фотографии, инсталации и видеопроекција отворено зборува за негирањето на геноцидот и за негирањето на човечките страдања и трагедии“ – од текстот за најавата на изложбата
Фото: мета.мк

Куратор на проектот е Татјана Бундалевска, кустос во Национална галерија на Република Северна Македонија.

Бурим Муфтиу е роден во 1961 година во Призрен. Тој е уметник, фотограф, кустос и предавач. Дипломирал англиски јазик и книжевност на филолошкиот факултет на Универзитетот во Приштина. Живее и работи во САД и во Косово. Специјализирал фотографија на Институтот за фотографија, НИИП, Њујорк. Дипломирал и магистрирал визуелни уметности, на Универзитет ААБ, Приштина, Косово. Добитник е на повеќе награди.

Изложбата ќе биде поставена до 26 ноември.