„Shortbus“ ја промовираше својата нова платформа „Exhibitions vol.1“ со изложба на млади уметници

Фото: Марија Ќурчиева

„ShortBus“ или како што уште се нарекува, суб-културен центар ја претстави својата нова платформа „Exhibitions vol.1“ преку отварањето на изложбата на дела од четири млади уметници.

Четирите учеснички се Евдокија Стаменковска и Елза Дема кои минатата година заврштиле средно уметничко образование, Ангела Георгиевска која сеуште е ученичка во средното уметничко училиште во Скопје и Марија Ќурчиева, студентка во прва година на Факултетот за ликовни уметности.

Како што вели Марија, нив ги контактирал Ѓорѓи Додев кој е и организатор на изложбата што има за цел да ја промовира и поддржува уметноста кај и меѓу младите.

Акрилни бои во комбинација со неконвенционални материјали како конец и гипс за текстура, Марија Ќурчиева, фото: Марија Ќурчиева

Изложбата ќе биде поставена во просториите на Shortbus до денес.

Слика – Елза, скици – Евдокија, фото: Марија Ќурчиева
Слика од Ангела Георгиевска, фото: Марија Ќурчиева