fbpx

По ратификацијата на Сенатот во САД, остануваат уште четири земји до членството во НАТО (инфографик)

Сенатот на Соединетите американски држави денеска го ратификуваше Протоколот за пристап на земјава во НАТО алијансата. Со тоа, преостанува ратификацијата да се заврши уште во четири членки на Сојузот за на крајот целата процедура да заврши со потпишување на Вашингтонскиот договор во Собранието на...

Македонија на европското дно според бројот на автомобили „по глава на жител“ (инфографик)

Сообраќајните гужви се секојдневие во Скопје и во останатите градови од земјава, но дел од статистичките податоци покажуваат дека бројката на автомобили што се движат во нашите градови допрва ќе расте. Нашата земја се наоѓа на самото европско дно со едвај 195 патнички автомобили...

За да расте бројот на патници, мора да има повеќе возови дневно (инфографик)

Од скопската железничка станица годинава поаѓаат најмал број на патнички возови кон дестинациите во земјава и странство. Со само 16 поаѓања во едно деноноќие, урнат е рекордот на најмал број на патнички возови што поаѓале од главната железничка станица во земјава. Слична ситуација имало...

Идеја постои, нема волја за инвестирање во воз до аеродром (видео + инфографик)

Патувањето од скопските населби до Меѓународниот аеродром знае да чини и до 20 евра во еден правец, односно да биде поскапо и од самиот лет со нискобуџетна компанија. Доколку не се користи такси, цената на билетот за директната автобуска линија до аеродромот е 180...

Железницата во земјава со драстично помал удел во транспортот на стоки споредено со ЕУ (инфографик)

Македонските железници се на самото дно на европските земји во кои се користат возовите за превоз на стока. Камионскиот транспорт во последниве години целосно го зема приматот во товарниот сообраќај, оставајќи им зад себе трошки на железницата. Само 3,1 отсто од вкупните остварени тонски...

Останува поделбата на „женски“ и „машки“ институции, иако во просек жените се побројни во јавниот сектор (инфографик)

Фото: Борче Поповски/Kolektif.mk
Македонија има доминантно женски јавен сектор, покажуваат податоците од регистарот на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Повеќе од половина од вработените во јавниот сектор се жени, но, во овие анализи на извештаите од регистарот на вработените во јавниот сектор не влегуваат вработените...

Администрацијата официјално пораснала за три отсто, но непозната е вкупната бројка на вработени во јавниот сектор (инфографик)

Бројот на вработени во јавниот сектор, според македонската дефиниција, пораснал за 3.750 од 2015 до 2018 година, откако се води регистарот за вработените во државните установи и претпријатија. Но, покрај оваа бројка, која се пресметува со вкрстување на податоци од низа извори, во 2017...

Родителите сами плаќаат за тоалетна хартија и сапун за учениците (инфографик)

Меѓу сите други работи за на училиште кои деновиве ги купуваат родителите пред почетокот на новата учебна година, тие мора да издвојат пари дури и за тоалетна хартија која нивните деца ќе ја користат додека трае наставата. Иако цената на оваа хартија не е висока,...

Македонија на европското дно според интернет пристапот до јавната администрација

Секој петти жител на Македонија лани преку интернет пристапил до јавната администрација, а еден од дваесет електронски (онлајн) пополнил службен формулар, покажуваат податоците на европската агенција за статистика ЕУРОСТАТ. За споредба, просечно во Европската унија секој втор граѓанин преку интернет пристапил до информации или услуги...

Се намалува бројот на живорoдени деца – негативниот тренд тешко се сопира (инфографик)

Само за една година, или во 2018 во однос на 2017 година бројот на живородени деца во земјава е намален за 421, а статистиките покажуваат дека овој тренд се одржува од 2014 година. Во исто време се намалува и бројот на запишани ученици во...

За седум години двојно намален бројот на патници во меѓуградскиот превоз (инфографик)

Со зголемувањето на бројот на автомобили и рапидниот раст на дивите таксисти, македонските граѓани сè поретко патуваат со автобус меѓу градовите. Како што покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во меѓуградскиот автобуски превоз е двојно намален во изминативе седум...

Дигитализацијата на изводите ќе им заштеди на граѓаните 700.000 евра за пет години (инфографик)

Доколку би се вовел само дигитален извод од матичната книга на родените, за пет години тоа на граѓаните на Северна Македонија би им заштедило 44,11 милиони денари или повеќе од 700.000 евра. Ова го покажува истражувањето на Центарот за управување со промени, кој направил...

Различни институции со различни бројки за бројот на вработени во јавниот сектор

Во земјава е прилично едноставно да се дојде до официјална бројка за вработените во приватниот сектор, но не и до бројот на вработени во јавниот сектор. Формално, Министерството за информатичко општество и администрација води државен Регистар на вработени во јавниот сектор, но тој не...

Три пати зголемен бројот на сообраќајки со возачи под дејство на алкохол (инфографик)

Бројката на возачи што учествувале во сообраќајки под дејство на алкохол нагло растел во последните пет години, покажуваат статистиките на Министерството за внатрешни работи. Од 2014 до 2018, бројката на сообраќајни несреќи во земјава во кои учествувале возачи што управувале возила под дејство на алкохол,...

Во ерата на брзи железници, возот од Скопје до Белград патува десет часа (инфографик)

За да го мине растојанието меѓу Скопје и Белград, на меѓународниот воз „Хелас експрес“ денес му се потребни 9 часа и 55 минути. Во 1989 година, до истата дестинација граѓаните со воз патувале 3 часа пократко. Без границата кај Прешево и Табановце, меѓународните возови...

Сообраќајките со мопед и мотоцикл многу посмртоносни отколку оние со автомобил (инфографик) 

Стапката на смртност кај учесниците во сообраќајот со мопед и мотоцикл е драстично повисока отколку кај возачите на патничките моторни возила, покажа анализата на  податоците од Државниот завод за статистика која ја направи тимот на Мета.мк.   Иако гледано во апсолутни бројки загинати мотоциклисти има многу помалку од загинати возачи на автомобили, стапката на...

Бројни предности од воведувањето воз до скопскиот аеродром, власта незаинтересирана (инфографик)

Воведувањето директен воз од Транспортниот центар до Меѓународниот аеродром „Скопје“ би можело да го скрати времето на патување и да ги намали трошоците на патниците, а да го зголеми комфорот при патување на оваа релација. Наспроти ваквите предности, засега нема интерес кај локалните власти...

Половина од општините не објавуваат редовно информации за јавните набавки (инфографик)

Само една од пет општини, поточно нецели 20 отсто, на своите интернет страници тековно ги објавуваат огласите за јавни набавки, покажа прегледот што Новинската агенција „Мета.мк“ деновиве го направи на страниците на 80 општини и Градот Скопје. Скоро половина од општините или 48% немаат...

Кога имаат менструација не одат во школо поради валканите и неопремени тоалети (инфографик)

Цели 90 отсто од ученичките во селата во Македонија отсуствуваат од училиште четири до пет дена во текот на месецот кога имаат месечен циклус, а 75 отсто од ученичките во урбаните средини изостануваат два до три дена поради истите причини. Ова го покажало истражувањето...

Само 15 инспектори контролираат околу илјада меѓуградски и меѓународни автобуси! (инфографик)

Државниот инспекторат за транспорт има само 15 инспектори за контрола на 996 автобуси за меѓуградски и меѓународен превоз во земјава. За 16 месеци регистрирани се само осум случаи на претоварување на автобуси во меѓуградскиот превоз, а „Порталб“ регистрирал два такви случаи само за еден...

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...