fbpx

(АНАЛИЗА) Внатрешниот долг на сите институции, општини, ЈП-а, здравство, образование, изнесува 408,1 милиони евра

Во десетте најзадолжени се и две јавни претпријатија – ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Водовод Куманово, како и две општини: Тетово и Гостивар

-

Вкупниот долг на сите државни институции, јавното здравство, образованието, судството, социјалата, агенции, општини, јавни претпријатија, на крајот на 2023 година изнесувал 408,1 милиони евра. Најголеми доспеани, а неплатени обврски имаат јавните претпријатија на централно ниво и државните фирми, пишува Порталб.мк.

Најголем дел од долгот или 91,3 милиони евра, е по основ на комуналии, транспорт, комуникации. На новата должничка листа на првите три места се три државни фирми.

 

41% од долговите – кон приватниот сектор

Со вкупни доспеани, а неплатени, обврски во износ од 167,2 милиони евра на крајот на 2023 година, јавните претпријатија на централно ниво и државните фирми се први на листата според висината на долговите. Новите податоци на Министерството за финансии покажуваат дека секторски, според висината на доспеаните, а неплатени, обврски, на второ место се општинските јавни претпријатија, со речиси 76,0 милиони евра.

Општините се на високото трето место, со долгови во износ од 58,6 милиони евра. Податоците покажуваат дека од вкупните неплатени обврски на државниот сектор, најголем дел, односно 213,3 милиони евра се кон јавниот сектор, односно внатрешен долг меѓу самите институции. Од вкупната сума на доспеани, а неплатени, обврски на државните и локалните власти и институции, 41 отсто се кон приватниот сектор – на крајот од 2023 е регистриран долг во износ од 169,8 милиони евра.

Доспеаните, а неплатени, обврски кон странство изнесуваат 22,6 милиони евра, а кон физички лица 2,41 милиони евра.

 

На првите три места – три државни фирми!

Ако се анализира структурата на долгот, најголемиот дел – во износ од 91,3 милиони евра – е за комуналии, греење, транспорт, комуникации. Под „Други тековни расходи“ пријавени се обврски од 62,2 милиони евра, за материјали и ситен инвентар не се платени сметки во износ од 59,4 милиони евра а доспеаните неплатени обврски за „Договорни услуги“ изнесуваат 41,1 милион евра.

На новата должничка листа, на првите три места се наоѓаат три фирми „под државна капа“: МЖ Транспорт со доспеани, а неплатени, обврски во износ од 64,8 милиони евра, МЖ Инфраструктура со скоро 41,0 милион евра и ЕСМ Дистрибуција на топлина, со пријавени обврски во износ од 22,2 милиони евра.

Меѓу првите 10 најзадолжени и натаму е јавна установа од областа на здравството – заедничката служба за снабдување на клиниките, со пријавен долг од 21,7 милиони евра. И на оваа конечна должничка листа за 2023 се наоѓаат голем број болници и клиники. ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија пријавила долгови во износ од 6,5 милиони евра, ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија има долг од скоро 4,4 милиони евра, а Универзитетска клиника за трауматологија 4,1 милион евра.

Во десетте најзадолжени се и две јавни претпријатија – ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Водовод Куманово, како и две општини: Тетово и Гостивар.

Во следното продолжение, „Порталб“ ќе ги објави податоците за состојбата со долговите на локално ниво.

ИзворПорталб

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...