понеделник, 9 март, 2026
Meta.mk

Ознака: долг | 128 резултати

Жителите на Шуто Оризари оставени на немилост: Нема автобуси по 10 часот

22 јули 2024

Нема редовен јавен превоз во општината Шуто Оризари, во која според последниот попис, живеат повеќе од 25.000 жители. Граѓаните се принудени секој ден да се организираат во групи и да користат превоз со приватни автомобили на превозници, за што плаќаат по 50 или 100 денари во еден правец, зависно од тоа до каде се возат. […]

АНАЛИЗА: Три општини во државата должат по повеќе од 9 милиони евра

14 мај 2024

Во првите три месеци од оваа календарска година, општините во државата пријавиле вкупни доспеани, а неплатени обврски во износ од 56,4 милиони евра, пишува „Порталб“. Во споредба со декември 2023 година, долгот е намален за 2,3 милиони евра. На новата должничка листа годинава има „ротации“ на позициите на најзадолжени општини и помали локални самоуправи испливуваат […]

(АНАЛИЗА) Внатрешниот долг на сите институции, општини, ЈП-а, здравство, образование, изнесува 408,1 милиони евра

7 февруари 2024

Вкупниот долг на сите државни институции, јавното здравство, образованието, судството, социјалата, агенции, општини, јавни претпријатија, на крајот на 2023 година изнесувал 408,1 милиони евра. Најголеми доспеани, а неплатени обврски имаат јавните претпријатија на централно ниво и државните фирми, пишува Порталб.мк. Најголем дел од долгот или 91,3 милиони евра, е по основ на комуналии, транспорт, комуникации. […]

Конгресот спречи банкрот на САД со зголемување на лимитот на задолжување

2 јуни 2023

Американскиот сенат го усвои законот за покачување на задолжувањето на САД, со кој се зголемува горната граница на американскиот долг од 31,4 милијарди долари, пренесува Си-ен-ен. Веднаш по вчерашното усвојување на законот, американскиот претседател Џо Бајден го пофали Конгресот, додавајќи дека со нетрпение очекува да го потпише усвоениот закон во текот на денешниот ден. Сенатот […]

Анализа: Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

26 мај 2023

На новата должничка листа на 50 најзадолжени субјекти во земјава се наоѓаат шест големи општини и Град Скопје, а нивните обврски се бројат во милиони евра. Не само општините, големи суми на долгови пријавиле и јавни претпријатија основани од самите локални власти, пишува Порталб.мк. Новите податоци од Министерството за финансии за првиот квартал од годинава […]

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг надмина 441 милион евра [инфографик]

16 мај 2023

Само за три месеци, внатрешниот долг – односно доспеани, а неплатени обврски на државни институции, министерства, училишта, судови, клиники, јавни претпријатија – е зголемен за 22,7 милиони евра. Во првиот квартал од оваа година, државните долгови достигнаа 441 милион евра, пишува Порталб.мк.   Државните фирми и ЈП со највисоки долгови – 173 милиони евра Здравството, […]

Приватните превозници си ги бараат парите од ЈСП и се закануваат со нови протести

30 јануари 2023

Приватните автобуски превозници денеска се собраа пред седиштето на ЈСП-Скопје во скопската населба Автокоманда за да остварат средба со директорот на ЈСП, Александар Стојковски. Тие денеска не успеаја да се сретнат со него, по што најавија дека ќе достават барање за средба со градоначалничката Данела Арсовска. Возачите од пред седиштето на ЈСП побараа исплата на […]

Приватниците до петок ќе чекаат исплата на долгот од ЈСП, во спротивно цело Скопје под блокада

29 ноември 2022

Посетата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на Скопје доведе до тоа приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ да им остават дополнителен рок од два дена на ЈСП-Скопје и градските власти за да го исплатат наводниот долг што го имаат кон нив. Доколку од денеска до четврток не се постигне договор за исплата со Град […]

Од утре ќе нема приватни автобуси на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 ако денеска не се најде решение за долгот?

20 ноември 2022

Од утре „Слобода Превоз“, претпријатието на приватните автобуски превозници во Скопје нема да вози на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, кои целосно или во голем дел ги опслужуваат токму приватните автобуси, ако денеска до крајот на денот не се најде решение за долгот од отприлика милион евра. Ленин Јовановски го обвини ЈСП Скопје […]

АНАЛИЗА Нова должничка листа: Тетово со 14,3 милиони евра, а Гостивар со скоро 8 милиони евра долг!

8 ноември 2022

Само за три месеца, внатрешниот државен долг се зголеми за скоро 6,5 милиони евра. На крајот од третиот квартал од годинава, доспеаните, а неплатени обврски на јавните претпријатија, министерства, здравство, образование, култура, општините, достигнаа 405,7 милиони евра. Во првиот дел од анализата Порталб нуди преглед на должничката состојба во која се наоѓаат општините и јавните претпријатија […]

Владата тврди дека нема долг кон ЈСП, Арсовска вели дека бесплатен јавен превоз ќе имало догодина

18 октомври 2022

Владата попладнево демантира дека имаат долг кон ЈСП – Скопје. Ваквата реакција уследи откако секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров за утре во 12 часот најави протест пред Владата ако не се исплатат 2 милиони евра за бесплатниот превоз на учениците и студентите, а протест за еден час порано најави и синдикатот на ЈСП Скопје […]

Порталб: Општинарите во Тетово не кажуваат колкав е тековниот општински долг

11 септември 2022

Поминаа речиси десет месеци откако граѓаните на oпштина Тетово дознаа дека јавниот долг на нивната општина изнесува над 24 милиони евра, меѓутоа до ден денеска општинските власти не кажуваат дали овој долг е зголемен или намален и покрај тоа што постојано се повикуваат на транспарентност, пишува Порталб.мк. Сегашното раководство веќе десет месеци раководи со општина […]

Анализа на Порталб: Излегуваме од зона на „фискален комфор“ – внимателно со јавните финансии!

8 март 2021

Парите од новото задолжување се земени, клучно е како ќе се менаџираат, односно трошат во време кога се уште постојат ризици поради здравствено-економската криза. Ова е ставот на економистите откако Владата ја издаде новата еврообврзница во вредност од 700 милиони евра – од нив 500 веќе се одлеваат за отплата на еврообврзницата од 2014-та година. […]

Долгот на јавните претпријатија, болниците, општините е над 300 милиони евра

14 октомври 2019

Долговите на болниците, јавните претпријатија, општините, агенциите, клиниките, акционерските друштва под контрола на државата, министерствата, изнесуваат милиони евра објави „Порталб.мк“. Според новиот Извештај за пријавени обврски од страна на субјектите под државна капа– на пресекот од оваа година вкупниот пријавен доспеан а неплатен долг на се што значи „државно“ изнесува 304.000.000 евра.Само една фирма под […]

Љупчо Палевски – Палчо притворен во Белград по хрватска потерница

13 септември 2019

Познатиот бизнисмен и политички активист Љупчо Палевски – Палчо, вчера бил притворен во Белград, во моментот кога сакал да се качи во авион и да отпатува во Москва. Љупчо Палевски е поранешен функционер на СДСМ, а денес гласен противник на моменталната политика на СДСМ и Зоран Заев. Тој беше еден од предводниците на протестите против […]

За четири години, државата само по основ на главница треба да врати долг од 2,3 милијарди евра

18 јуни 2019

Во апсолутен износ, вкупниот јавен долг на земјава на крајот од првиот квартaл од годинава изнесува 5,24 милијади евра или 46,2 проценти од домашниот бруто-производ БДП. Според креаторите на фискалните политики, долговите од 2017 година се во надолна траекторија, според опозицијата власта продолжува со заеми кои не даваат позитивен импулс на економскиот раст, пишува неделната […]

Николовски: Не преземаме долгови, директно ќе ги обештетуваме лозарите

5 февруари 2019

Државата не презема долгови на приватни компании, туку директно ги обештетува лозарите, а преку финансиските инструменти на Управата за јавни приходи (УЈП), тие пари ќе бидат вратени во Буџетот, посочи денеска министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарско прашање. – Во следните три години, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, сите […]

 За приход од 100.000 денари ќе се плаќа данок од 10.800 денари

6 ноември 2018

Не стивнуваат реакциите од бизнис-секторот, но и од граѓаните кои имаат поголеми месечни приходи по најавата на Владата дека од 1 јануари 2019 стапува на сила нов закон за данок на личен доход со кој се укинува рамниот данок и се воведува прогресивно оданочување. Даночните промени предизвикаа и повеќе дилеми околу износот и начинот на […]

Бошњаковски: Бројчаникот на Триумфална порта го платил лично Заев

31 август 2018

Бројчаникот што ноќеска беше поставен на Триумфалната порта е платен лично од премиерот Зоран Заев, а ќе профункционира наскоро, рече во одговор на новинарско прашање портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски по редовната прес-конференција. Тој рече дека се запазени сите процедури при поставувањето на бројчаникот, а Заев како граѓанин на Република Македонија упатил барање за согласност […]

Грција официјално излегува од европската програма за помош

20 август 2018

Грција денеска официјално ќе го одбележи завршувањето на програмата за европска помош, со што излезе од една од најголемите кризи во својата историја, која исто така силно се закануваше на еврозоната. Сепак, земјата ја очекуваат уште многу потешкотии за одржување на нејзината економска одржливост. Првиот пакет за помош Грција, како членка на еврозоната, го доби […]

Страна 1 од 7