fbpx

Од утре ќе нема приватни автобуси на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 ако денеска не се најде решение за долгот?

-

Од утре „Слобода Превоз“, претпријатието на приватните автобуски превозници во Скопје нема да вози на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, кои целосно или во голем дел ги опслужуваат токму приватните автобуси, ако денеска до крајот на денот не се најде решение за долгот од отприлика милион евра.

Ленин Јовановски го обвини ЈСП Скопје за неисплаќање на парите од едно евро по километар и месечните аванси за неколку месеци наназад. Тој не упати обвинувања кон скопската градоначалничка Данела Арсовска, и рече дека не комуницира со неа, туку кога се слушнале последниот пат, таа му рекла да комуницира со секретарот на градот. За неплаќањето, директорот на „Слобода Превоз“ го товари ЈСП Скопје и генералниот директор, велејќи дека секојдневно се собираат пари од билети, но од тие пари не им се префрла на приватниците.

Јовановски вели дека секретарот на градот е известен за одлуката од утре да се штрајкува и ако нема решение до крајот на денот, автобусите на единственото преостанато приватно претпријатие во автобускиот превоз нема да возат, освен на линиите на коишто воопшто не возат автобуси на ЈСП.

На 8 ноември Град Скопје го раскина договорот за јавен превоз со „Макекспрес“, пораи како што рече, неисполнување на термините за возење и нечисти и технички неисправни автобуси.

Во гаража 77 автобуси на „Макекспрес“, линијата 19 четири месеци не го исполнила обемот на услуги од 80%

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...