fbpx

Приватните превозници си ги бараат парите од ЈСП и се закануваат со нови протести

-

Приватните автобуски превозници денеска се собраа пред седиштето на ЈСП-Скопје во скопската населба Автокоманда за да остварат средба со директорот на ЈСП, Александар Стојковски. Тие денеска не успеаја да се сретнат со него, по што најавија дека ќе достават барање за средба со градоначалничката Данела Арсовска. Возачите од пред седиштето на ЈСП побараа исплата на долгот во висина од над 1,5 милиони евра.

„Си ги бараме само нашите пари. Да видиме кога ќе ги добиеме, како ќе ги добиеме, да го договориме начинот на исплата“, изјави приватниот превозник Јовица Зафировски.

Зафировски во име на возачите побара средба со претставници на ЈСП и на Градот Скопје, а доколку не бидат удостоени со средба тие најавија дека ќе се обратат и за средба со премиерот Димитар Ковачевски.

Доколку не наидат на разбирање за решавање на долгот, приватните превозници денеска се заканија дека единствен излез ќе им биде повторно излегување на протести, што би значело блокирање сообраќајници во Скопје.

Возачите од денешниот собир пред седиштето на ЈСП-Скопје појаснија дека не се пријавиле на неодамнешните два јавни повика од град Скопје за распределба на градско-приградските линии, бидејќи им било понудено со нив да сообраќаат само на пет линии, додека до крајот на минатата година одржувале вкупно 16 градски и приградски линии.

Инаку, токму неисплатените средства од ЈСП-Скопје беа причина приватните превозници, најпрво оние од „Макекспрес“, а потоа и возачите од „Слобода превоз“ да престанат да сообраќаат на градско-приградските линии. „Макекспрес“ прв престана да сообраќа на 30 октомври лани, по што истиот чекор го презеде и „Слобода превоз“.

По ваквиот чекор, како израз на револт што не добија исплата на долгот, приватните превозници блокираа и сообраќајници во центарот на Скопје кон крајот на ноември и почетокот на декември минатата година.

Градот Скопје во меѓувреме ги раскина договорите со „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ поради тоа што тие не ги одржуваа редовно градско-приградските линии, по што градските власти во декември распишаа нови јавни повици за пронаоѓање на заинтересирани превозници што би ги одржувале дел од градско-приградските линии во Скопје, но повиците пропаднаа кон средината на јануари годинава поради тоа што никој не се пријави.

Во меѓувреме, градско-приградските линии на кои до неодамна сообраќаа приватните автобуски превозници се одржуваат со автобуси и возачи на ЈСП-Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица со амандмани против покачување на платите на судиите и обвинителите

ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска со 4.500 амандмани ги блокираа четирите закони кои предвидуваат покачување на платите на судиите и јавните обвинители, како и на судскиот и обвинителскиот совет. Предлог-законите...
Download Best WordPress Themes Free Download
Free Download WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
lynda course free download
download redmi firmware
Download Nulled WordPress Themes
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=