среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: долг | 128 резултати

Постигнат договор за долгот, Грција излегува од програмата за помош

јуни 22, 2018

Кредиторите се договорија за начинот на излегување на Грција од програмата за помош која од земјата се користи веќе осум години и за мерките за намалување на долгот, информираат повеќе релевантни извори. -Постигнавме договор за Грција – изјавил европски извор синоќа, по состанокот на министрите за финансии на еврозоната во Луксембург, кој траел повеќе од […]

СДСМ: Се враќаат долговите од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ

јуни 21, 2018

Се враќаат долговите од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а Владата предводена од СДСМ одговорно управува со јавните финансии, ја намалува фреквенцијата на задолжување и редовно ги сервисира наталожените долгови, одговараат од СДСМ на денешното обвинување од ВМРО-ДПМНЕ дека власта се повеќе ја задолжува земјата и не дава отчет за тоа. „Со дел од средствата од […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја задолжи државата за нови 7,1 милиони евра

јуни 21, 2018

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека премиерот Зоран Заев „додека го продава името,не пропушти да ги задолжи граѓаните“. „Зоран Заев и криминалниот картел кој го води ја задолжија државата за нови 7,1 милиони евра. Власта се задолжи на 15 години со годишна каматна стапка од 3%. Тоа значи дека за земените 7,1 милион евра за 15 […]

Хаџи-Мишев: „TЕ-ТО“ отвори лажен стечај за да не го плати долгот кон „Топлификација“

јуни 20, 2018

„Топлификација“ АД Скопје ја обвини компанијата за комбинирано производство на топлинска енергија „ТЕ-ТО“ дека покренала стечај сама на себе, за да не го плати долгот кон Топлификација и тоа во период, кога по тригодишен период на лоши финансиски резултати, лани остварува добивка од 8 милиони евра. – Причина за овој судски процес во кој фирмата […]

Тевдовски: По 10 години, јавниот долг е ставен под контрола

мај 21, 2018

Отплатени се дел од старите долгови, зголемена е рочноста на издадените државни хартии од вредност, намалена е каматната стапка и зголемена е довербата кај инвеститорите, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, кој учествуваше на јавната дискусија на Економскиот факултет насловена „Јавните финансии на крстопат“. Тој додаде дека за прв пат после повеќе од 10 години, […]

Гинекологија ќе добие аванс од ФЗОМ за да ја одблокира сметката

април 5, 2018

Проблемот со блокираната сметка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје е решен и клиниката ќе добие аванс за да ја одблокира сметката, објави претпладнево министерот за здравство Венко Филипче. Тој тврди дека работењето на ГАК не е загрозено и дека ќе има плати за вработените. Клиниката ќе добие пари во форма […]

Раководството и сопственикот на Фабрика за кабли Неготино добија кривични пријави

јануари 14, 2018

Полициската станица Неготино поднела кривична пријава против Г.Х. (47),генерален директор на АД „ФКН“ (Фабрика за кабли Неготино), против Ј.Ј. (37) претседателот  на одборот на директори на АД „ФКН“, против двајца членови на одборот на директори на АД „ФКН“, сите од Република Бугарија, како и против Љ.К. (61) од Велес, исто така член на одборот на директори. […]

Тевдовски: Најновата еврообврзница е со досега најниска каматна стапка

јануари 12, 2018

Парите од еврообврзницата, со која Македoнија на странскиот пазар се задолжи за половина милијарда евра, ќе бидат потрошени за покривање на буџетскиот дефицит, враќање на стари долгови, реализација на капитaлни инвестиции, зголемување на средствата за одбраната и за зголемени плати во образованието и здравството, информираше денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски. Според него, историски најниската […]

Македонска радио-телевизија минимално го намали долгот кон УЈП

јануари 11, 2018

Според најновата листа на Управата за јавни приходи (УЈП), Јавниот радиодифузен сервис – Македонската радио-телевизија (МРТ), вкупно должи 130.768.590 денари (2.126.318 евра) неплатена сума за даноци, од кои по основ на данок на додадена вредност (ДДВ) не се платени 24.408.176 денари (396.881 евра). Во однос на претходната листа на УЈП, објавена на 7 декември, долгот на […]

Историско-барокните документарци „изеле“ 1,8 милиони евра од буџетот на МРТ

декември 14, 2017

Документарните емисии и серијали со историска содржина изработени во копродукција со независни куќи, во периодот 2013 – 2015 „изеле“ вкупно 1,8 милиони евра, покажува истражувањето на БИРН за копродукциските договори склучени во 2013, 2014 и 2015 година. Снимените содржини се аудиовизуелен одраз на архитектонското „Скопје 2014“, односно обид преку малите екрани да се пренесе пораката […]

МРТ и понатаму на врвот на листата на должници кон УЈП

декември 10, 2017

Јавниот радиодифузен сервис – Македонската радио-телевизија (МРТ) – повторно е на врвот на листата на должници кон Управата за јавни приходи (УЈП). Во најновиот список на должници кон УЈП, за побарувањата доспеани до 31 август, а неплатени до 30 ноември годинава, е наведено дека МРТ должи 105.573.870 денари (1,712 милиони евра) за данок на добивка, […]

Комисиската расправа за буџетот закажана во 11 часот

декември 5, 2017

Првото продолжение на 12. седницата на Комисијата за финансирање и буџет е закажано во 11 часот. Седницата на која треба да се разгледува предлог-буџетот за 2018 година, почна на 27 ноември, и иако беше неколкупати закажана, досега не се одржа. Предлог-буџетот за 2018 година тежи 3,4 милијарди евра, буџетскиот дефицит е планиран на 2,7 проценти […]

Најново од ЕБУ за „Евровизија 2018“: Македонија е „аут“, ама се работи да биде „ин“

ноември 9, 2017

По минатонеделната објава дека Македонија поради долгови не може да учествува на изборот на песна на „Евровизија 2018“, од ЕБУ (Европската радиодифузна унија) за „ЕСЦ Тудеј“, велат дека се надеваат дека ќе најдат заедничко решение со МРТ. – Се разбира дека се надеваме дека може да се најде решение за МРТ да може да биде […]

„Повардарие“ ќе го исплати долгот кон лозарите до крајот на годината

ноември 1, 2017

Винарската визба „Повардарие“ целосно ќе го исплати долгот за откупеното грозје кон лозарите до крајот на оваа година. Тоа е заклучено на денешниот состанок на лозарите со менаџментот на винарската визба, кој се одржа во Неготино, во присуство на претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на новиот градоначалник на Неготино, Тони Делков.  […]

Долгот на МРТ ги отежнува медиумските реформи, Владата не расправала на таа тема

ноември 1, 2017

Владата е свесна за ситуацијата со долгот на „Македонската радио-телевизија“ (МРТ), но досега нема разговарано за овој проблем, изјави денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. Тој додаде дека долгот дополнително ги отежнува медиумските реформи. – Свесни сме за ситуацијата. Во тек се реформите во медиумскиот дел според препораките на Прибе. Самиот долг е нешто што […]

ЗНМ: Владата итно да го намири долгот на МРТ за не бидеме отсечени од ЕБУ

октомври 31, 2017

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја повика Владата итно, во најкус можен рок, да обезбеди пари за намирување на долгот што Македонската „радио-телевизија“ (МРТ) го има кон Европската радиодифузна унија (ЕБУ), кој изнесува околу половина милион евра. Програмскиот совет на МРТ на вчерашната седница донесе заклучок со кој побара од Владата да го намири […]

Директорот на Државен студентски дом вели дека сите сметки за вода се платени

септември 30, 2017

Невистина се тврдењата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје дека Државниот студентски дом „Скопје“ (ДСД) или Министерството за образование и наука не ги плаќале сметките за вода, реагираше Атанас Бојчев, директор на ДСД. Јавното претпријатие, откако вчера Бојчев обвини дека неосновано ја сопрело водата во студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, реагираше и порача дека […]

„Водовод и канализација“ демантира: Многу сметки на студентскиот дом не се платени

септември 29, 2017

ЈП Водовод и канализација- Скопје ја демантираше изјавата на директорот на Државниот студентски дом „Скопје“, дека претпријатието без предупредување ја сопрело водата во студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ денеска, велејќи дека тоа се случува поради неплаќање сметки во последните пет месеци и поради неподмирување на долгот од претходно. „Министерката уште во јуни месец вети […]

Поради неплатен долг сопрена водата во студентскиот дом „Кузман“

септември 29, 2017

Водата во студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје била сопрена утрово од ЈП „Водовод и канализација“, иако на претпријатието му било кажано дека е најдено решение за да се покрие долгот за вода, соопшти Државен студентски дом „Скопје“. Според в.д. директорот Атанас Бојчев, водата била сопрена без предупредување. – Постапката на ова јавно […]

Ципрас вети успешен крај на програмата за спас на Грција

септември 10, 2017

Грција успешно ќе ја заврши спасувачката програма во 2018 година, помогната од суштинскиот економски пораст, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој вети дека ќе ги поддржи младите Грци, како и малите бизниси во процесот на обновување на земјата. На отворањето на 82. Меѓународен саем во Солун синоќа, Ципрас изјави дека грчката економија ќе постигне пораст […]

Страна 2 од 7