fbpx

Долгот на јавните претпријатија, болниците, општините е над 300 милиони евра

-

Долговите на болниците, јавните претпријатија, општините, агенциите, клиниките, акционерските друштва под контрола на државата, министерствата, изнесуваат милиони евра објави „Порталб.мк“.

Според новиот Извештај за пријавени обврски од страна на субјектите под државна капа– на пресекот од оваа година вкупниот пријавен доспеан а неплатен долг на се што значи „државно“ изнесува 304.000.000 евра.Само една фирма под „државна капа“ има удел од цели 24 проценти во вкупниот доспеан а неплатен долг што го пријавил државниот сектор на крајот од јуни, односно во вториот квартал од годинава. Имено, од вкупно 1.170 пријавени агенции, болници, општини, регулаторни тела, агенции, судови, акционерски друштва, на прво место според износот на доспеаните а неплатени обврски котира АД Македонски железници – „Транспорт“ со износ од 73,2 милиони евра.

Во првите десет според долговите се наоѓаат три општини, јавни и комунални претпријатија, националниот радидифузен сервис МРТВ. Така, по МЖ „Транпорт“, според вистината на доспеаните а неплатени обврски на второ место е АД „Македонски енергетски ресурси – МЕР “ со износ од 17,9 милиони евра, следуваат ЈП „Проаква“ – Охрид со долг од 13,3 милиони евра, ЈП МЖ – „Инфраструктура“  со износ од 8,8 милиони евра, на високото петто место котира Општина Охрид со долг од 7,9 милиони евра.

На „должничката“ листа се голем број на здравствени установи, на пример ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство пријавила обврски во износ од три милиони евра, ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија се појавува во два наврати со вкупни обврски од 4,4 милиони евра и други.

Во доспеани, а неподмирени обврски „плива“ и образованието и културата. На листата се голем број на основни и на средни училишта, а самото Министерството за образование има доспеан а неподмирен долг во износ од 780.000 евра.

Компаративната анализа на објавените извештаи покажува дека во вториот квартал од годинава во однос на првиот кавртал, намалување на долгот има кај општините и кај буџетските корисници, но доспеаните а неподмирени обврски се зголемени кај јавните претпријатија, јавните здравствени установи, локалните претпријатија формирани од општините.

Долгови имаат и министерствата, театрите, футбалските клубови, високо образовните институции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...