fbpx

Конгресот спречи банкрот на САД со зголемување на лимитот на задолжување

Сенатот гласаше со 63 гласа „за“ и 36 „против“ за законот кој во средата го усвои и Претставничкиот дом на САД

-

Американскиот сенат го усвои законот за покачување на задолжувањето на САД, со кој се зголемува горната граница на американскиот долг од 31,4 милијарди долари, пренесува Си-ен-ен. Веднаш по вчерашното усвојување на законот, американскиот претседател Џо Бајден го пофали Конгресот, додавајќи дека со нетрпение очекува да го потпише усвоениот закон во текот на денешниот ден.

Сенатот гласаше со 63 гласа „за“ и 36 „против“ за законот кој во средата го усвои и Претставничкиот дом на САД, по неколкумесечни несогласувања меѓу демократите и републиканците. Министерството за финансии претходно предупреди дека нема да може да ги плати обврските доколку до 5 јуни не се усвои соодветниот закон.

Инаку, досегашната граница на задолжување на САД беше натфрлена во средината на јануари, по што американското Министерство за финансии не можеше да позајмува повеќе пари. За да ги плати сметките навреме, Министерството за финансии воведе низа на вонредни мерки за да купи време пред политичките преговори меѓу демократите и републиканците во Конгресот во однос на преземањето акција за решавање на проблемот со должничкиот лимит.

Според новиот закон, ограничувањето на федералното задолжување ќе биде суспендирано до 1 јануари 2025 година. Ваквиот договор беше постигнат меѓу претседателот Џо Бајден и републиканскиот спикер на Претставничкиот дом Кевин Меккарти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...