Приватниците до петок ќе чекаат исплата на долгот од ЈСП, во спротивно цело Скопје под блокада

-

Посетата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на Скопје доведе до тоа приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ да им остават дополнителен рок од два дена на ЈСП-Скопје и градските власти за да го исплатат наводниот долг што го имаат кон нив. Доколку од денеска до четврток не се постигне договор за исплата со Град Скопје и ЈСП, тогаш во петок приватните превозници со сите 200 автобуси најавија блокада на целиот град.

Превозниците засега не откриваат кои булевари и улици ќе бидат блокирани во петок, а вакви информации ќе обелоденат откако повторно ќе се сретнат и ќе одлучат какви чекори да преземат понатаму. Блокадата на раскрсницата кај „Мавровка“ во центарот на Скопје денеска е тргната. Сепак, „Слобода превоз“ има 131 автобус, а „Макекспрес“ 77 автобуси коишто можат да направат вистински сообраќаен хаос, доколку излезат да протестираат со сиот возен парк.

Советот на град Скопје вчера одржа седница која што не резултираше со решение за издвојување на средства од градскиот буџет за исплата на долгот од 1,5 милиони евра кон приватните превозници. Претходниот пат кога во октомври годинава штрајкуваа возачите од ЈСП-Скопје, градскиот совет донесе одлука да се пренаменат 133 милиони денари од градскиот буџет за исплата на плати во ова јавно претпријатие до крајот на годината.

Скопската градоначалничка Данела Арсовска вчера во градскиот совет им порача на приватните превозници на суд да си ги бараат парите и да поднесат тужба ако сметаат дека некој им должи.

„Си има суд и таму преку тужба ќе се докажува кој кому му должи. Ние немаме опомена од приватните превозници, ниту тужба. Така може да се реализира договорно право. Го поддржувам правото на протест, но единствените кои губат се граѓаните“, изјави градоначалничката Данела Арсовска.

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен претрес ги...

По секоја цена да се оцрни ЕУ и да се оправда руската инвазија врз Украина

Вистиномер анализира објава на Фејсбук која вели: ЕУ ве лаже. Лаже за Романија, Молдавија и Грузија, ве излажа „Претседателот“ за вакцините против Ковид, корупцијата и трговијата со влијание. Се лаже за корумпираната украинска дикттура и војната што...

Верижен судир на скопската обиколница, повредени три лица

Три лица синоќа се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила на скопската обиколница, кај клучката Бутел кај Смилковското езеро кон Арачиново. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека...

Обид за убиство во Крива Паланка, нападната 22-годишна девојка

Јавното обвинителство вчеравечер соопшти дека е донесена наредба за спроведување истрага против 25-годишник од Крива Паланка за кој постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство во обид. Осомничениот, во семејниот дом...

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен...