Најновата графички напредна презентација на Вичер 3 преку нов трејлер

Скриншот од YouTube за Witcher 3 next gen update
Скриншот од YouTube за Witcher 3 next gen update

Објавен е продолжен трејлер за долгоочекуваната графичка преработка на играта Witcher 3: The Wild Hunt, верзија која сите што ја поседуваат играта ќе ја добијат бесплатно.

Новата верзија официјално се нарекува Witcher 3:The Wild Hunt Complete Edition next gen update. Некои од поинтересните карактеристики се следниве:

Доближената камера која се бира како опција ја прави Witcher 3 да ја има преспективата како Assassin’s Creed игрите и е опционална и може да се менува затоа што на пример јавањето на коњ е подобро кога е малку поодалечено како во основната верзија. 

Исто така, во next gen верзијата кастањето на знаци е убрзано со шорткати и за тастура на PC и за контролери од конзоли. Како што објаснуваат девелоперите, се стиска едно копче и се држи додека потоа бирате одбрано копче за одреден знак и кастањето е инстантно што дава подобар слеан тек на самиот комбат.  

Што се однесува до мапата, има додадено нови филтри што ги отстрануваат прашалниците со кои се обележани незавршените квестови и иконките за патување со чамец. Иако повеќето играчи им одговараа дека сите се стремат да ги завршат сите квестови, ова е по casual пристап каде не мора да се заморувате и да можете да ја играте играта природно.

Исто така ќе има додадено и нов „квестлајн“ наречен Netflix DLC Quest во кој ќе можете да земете нови оружја и оклопи за Гералт од Ривија. Што се однесува до зачуваните игри, тие ќе бидат “cross-platform” односно ќе може од компјутер да се префрлат и на конзолите.

Сите овие промени се опционални и можете да ја преигрувате играта и како што ја паметите.

Вичер 3 Next Gen Update-от односно Complete Edition ќе излезе на 14 декември  годинава (2022).