недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Макекспрес | 22 резултати

Град Скопје бара нови приватни превозници што ќе возат на линиите „20“ и „22“

декември 9, 2022

Градот Скопје денеска го објави огласот за доделување пакет линии и за давање на дозволи за линиски превоз на патници на територијата на главниот град. Градските власти бараат приватни превозници за линиите „20“ и „22“, при што пакетот на линии ќе им се додели на оние превозници што ќе обезбедат минимум 20 автобуси и 44 […]

Трет ден граѓаните го обиколуваат пола Скопје за да стасаат на работа

декември 7, 2022

Трет ден автобуси на приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ се паркирани на крстосниците кај трговскиот центар „Мавровка“, кај Црвен крст како и на улицата „Илинденска“ кај бараките кај Град Скопје. Сообраќајот се одвива отежнато, а возачите се принудени да менуваат траси на движење за да можат да стасаат на работните места и во училиште. […]

Приватните превозници на протест, сообраќајот во главниот град речиси оневозможен

декември 2, 2022

Работната недела во главниот град започна и завршува со сообраќаен хаос. Превозниците од приватните „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово повторно го блокираа сообраќајот во Скопје, овој пат на булеварот „Илинден“, што создаде колони од возила на повеќе улици. Приватните превозници од 6 часот наутро ги блокираа двете крајни десни сообраќајни ленти во двете насоки на […]

Приватниците до петок ќе чекаат исплата на долгот од ЈСП, во спротивно цело Скопје под блокада

ноември 29, 2022

Посетата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на Скопје доведе до тоа приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ да им остават дополнителен рок од два дена на ЈСП-Скопје и градските власти за да го исплатат наводниот долг што го имаат кон нив. Доколку од денеска до четврток не се постигне договор за исплата со Град […]

Скопје утрово во сообраќаен колапс поради блокадата на „Слобода превоз“

ноември 28, 2022

Речиси сите пристапи кон центарот на градот утрово беа блокирани поради штрајкот на превозниците на крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“. Поради блокадата на една од најфрекфентните крстосници, стотици возила беа заглавени и чекаа во колони, па возачите не можеа на време да стасаат на своите работни места. „Живеам во Чаир. Се качив утрово во автобус […]

Град Скопје со повик ќе избира приватни автобуски превозници

ноември 24, 2022

На ден пред најавените блокади од приватните превозници на улиците, скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска информираше дека Градот Скопје ќе објави нов јавен повик на којшто ќе може да се пријават сите заинтересирани возачи кои и досега возеле на градско-приградските линии. Арсовска најави дека ЈСП-Скопје во иднина ќе им префрла директно средства за извозените километри […]

Приватниците не возат, денеска беа на протест пред Град Скопје, најавуваат и блокади

ноември 23, 2022

Возачите на приватните автобуски превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ денеска ги паркираа автобусите пред седиштето на Град Скопје на булеварот „Илинден“, барајќи средба со скопската градоначалничка Данела Арсовска. Од денеска ниту еден приватен превозник не сообраќа на градските и приградските линии од јавниот превоз. Поради ова, на постојките и во автобусите на ЈСП се создава […]

Нема договор меѓу „Слобода превоз“ и Град Скопје, приватните превозници се закануваат со протести

ноември 21, 2022

По денешната средба меѓу „Слобода превоз“ и Градот Скопје, не е постигнат договор за исплата на долгот на градските власти кон приватните превозници. Околу 1 милион евра должи ЈСП-Скопје кон приватните превозници, што доведе до тоа „Слобода превоз“ утрово да прекине со сообраќај на линиите 9, 12, 22, 23 и 45. ЈСП Скопје денеска остана […]

Во гаража 77 автобуси на „Макекспрес“, линијата 19 четири месеци не го исполнила обемот на услуги од 80%

ноември 9, 2022

77 автобуси на приватниот превозник „Макекспрес“ остануваат во гаражи. Град Скопје вчера го поништи договорот кој важеше до крај на 2023 година, затоа што според нив, автобусите на линиите број 19, 20, 22, 52 и 54 не ги испочитувале предвидените услови за квалитетни услуги. Од ЈСП велат дека овие линии ќе бидат заменети со нивни […]

ЈСП Скопје го раскина договорот со превозникот „Макекспрес“

ноември 9, 2022

Јавното Сообраќајно Претпријатие – Скопје го раскина договорот со приватниот превозник „Макекспрес“. Од оваа компанија пред седум дена престанаа да ги пуштаат автобустите да сообраќаат поради долгот од половина милион евра кои им ги должи Градот. Како што соопшти Град Скопје, наводна причина за раскинување на договорот не била тоа што им должи пари на […]

Јавниот превоз во Скопје и понатаму во хаос, градот не им исплаќа на приватните превозници

ноември 2, 2022

Приватниот превозник на автобуски јавен превоз „Макекспрес“ и денеска не ги пушти во сообраќај линиите 19, 20, 22, 52 и 54, бидејќи, како што велат, не добиле пари од Град Скопје. Од канцеларијата на градоначалничката Данела Арсовска, пак, обвинуваат дека кај „одредена група на приватни превозници“ регистрирале низа неправилности и поради оваа причина може да […]

Хаос со автобуската линија број 19, за еден час не сообраќале дури 7 автобуси, Град Скопје од август не им исплатил средства за превоз

октомври 17, 2022

Приватните автобуси од линијата 19, кои сообраќаат во рамките на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) утрово не возеа според предвидениот возен ред. Десетици граѓани беа принудени да пешачат и километри за да патуваат со други линии, а други пак беа принудени да се вратат дома. Од компанијата „МАКЕКСПРЕС“ велат дека Град Скопје од август не им […]

Град Скопје на превозниците ќе им исплати 60 отсто од долгот за март, 19-ка и 20-ка ќе возат нормално

мај 12, 2022

Приватните автобуски превозници што ги одржуваат градско-приградските линии во Скопје денеска со Градот Скопје постигнаа договор, со што од утре приватните превозници ќе продолжат нормално да сообраќаат на линиите „19“ и „20“. Градот Скопје и приватниот превозник „Макекспрес“ за Порталб.мк потврдија дека е постигнат договор откако вчера граѓаните беа приморани да користат други автобуски линии […]

Одобрени 8 милиони евра повеќе во Пакетот 4 за поддршка за справување со последиците од КОВИД-19

декември 12, 2020

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница донесе одлука за нов пакет мерки за поддршка во справувањето со последиците  од КОВИД-19 кризата. Одобрени се околу 8 милиони евра плус (над 488 милиони денари) како дополнителен сет на мерки за да се излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од ковид […]

Субвенциите за еколошки мотори на автобусите и годинава останаа неискористени од приватниците

декември 12, 2019

Приватните автобуски превозници од скопскиот јавен превоз и годинава не пројавија интерес за искористување на субвенциите на Град Скопје за адаптирање на моторите на автобусите на еколошки горива. Минатата година останаа неискористени средства во висина од 20 милиони денари, а идентичниот износ ќе остане неискористен и во 2019 година поради непостоење на интерес од приватните […]

Приватниците со 209, ЈСП со 275 автобуси во јавниот превоз во Скопје (инфографик)

април 8, 2019

Јавниот превоз во Скопје лани функционира со 105 линии. За овие линии, Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП – Скопје) пушта во сообраќај дневно, во просек 275 возила. Јавен превоз во Скопје вршат и приватните претпријатија „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, кои заедно имаат 209 возила, пренесува „Порталб.мк“. Од Секторот за сообраќај на Град Скопје објаснуваат […]

И приватниците сакаат субвенции за нови автобуси во јавниот превоз

април 8, 2019

Две недели по распишувањето на огласот за набавка на нови автобуси за ЈСП – Скопје, приватните превозници што вршат јавен превоз во главниот град посочуваат дека би сакале да добијат еднаков третман како и ЈСП – Скопје при обновата на возниот парк. Од „Макекспрес“ информираат дека во два наврати поднеле барања за одредување критериуми и […]

Полицијата вчера исклучила 14 приватни градски автобуси во Скопје

февруари 22, 2019

Во вчерашната акција за контрола на автобусите и другите возила од јавниот превоз во Скопје, полицијата исклучила од сообраќај 14 aвтобуси, соопшти МВР. Од ЈСП Скопје за „Мета“ објаснија дека во таа бројка нема нивни автобуси. Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи (СВР) контролата ја спровело од 8 до 13 […]

Страна 1 од 1