fbpx

За четири години, државата само по основ на главница треба да врати долг од 2,3 милијарди евра

-

Во апсолутен износ, вкупниот јавен долг на земјава на крајот од првиот квартaл од годинава изнесува 5,24 милијади евра или 46,2 проценти од домашниот бруто-производ БДП.

Според креаторите на фискалните политики, долговите од 2017 година се во надолна траекторија, според опозицијата власта продолжува со заеми кои не даваат позитивен импулс на економскиот раст, пишува неделната економска анализа на „Порталб.мк“.

Споредено со просечното ниво на задолженост на економиите од Европската унија, Северна Македонија се уште важи за земја со умерено ниво на задолженост. Со новата Фискална стратегија 2020 -2022 година се предвидува нивото на вкупниот јавен долг да не надмине 60 проценти од БДП.

Новиот документ открива дека следната година максималниот износ на задолжување (државен долг) се „бетонира“ на 400 милиони евра, во исто време проектиран е пораст на гарантираните долгови на јавните претпријатија зад кои ќе застане државата.

Дел од новите заеми, освен за покривање на буџетскиот дефицит, односно за тековни исплати, ќе се користат и за враќање на стари долгови.

„Во наредниот период достасуваат за плаќање значителен износ на претходно земени обврски, односно во периодот 2019-2022 треба да се отплатат вкупно 2,3 милијарди евра по основ на главница на долг на централна власт и гарантиран долг“, открива Фискалната стратегија во која се нотираат и кредитите кои треба да се вратат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...