вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: долг | 128 резултати

МЕПСО ќе го суспендира „ЕНГ сервис трејд“ ако не врати долг од 40 милиони денари

септември 1, 2017

МЕПСО ќе ја суспендира компанијата за снабдување „ЕНГ сервис трејд“ од пазарот за електрична енергија доколку во одреден рок не го плати заостанатиот долг од речиси 40 милиони денари, соопшти денеска менаџментот на МЕПСО. Долгот што го има „ЕНГ сервис трејд“ е настанат како последица на преземена, но неплатена електрична енергија. Директорот на Операторот на […]

СДСМ: Јавниот долг е намален за 31,4 милиони евра во однос на првиот квартал

август 17, 2017

Со празните обвинувања за наводно трошење на девизните резерви, ВМРО-ДПМНЕ покажува основно непознавање на управувањето со финансиите, бидејќи се работи за плаќање преку единствената државна сметка на кредитите и доспеаните рати за стари долгови, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири […]

Кинеските државни компании до крајот на годината треба да станат корпорации

јули 26, 2017

Сите големи кинески компании кои се во сопственост на централната влада ќе бидат регистрирани како компании со ограничена одговорност или како акционерски друштва до крајот на оваа година, бидејќи официјален Пекинг настојува државните гиганти да ги направи силни, ефикасни и модерни. Околу 90 отсто од компаниите кои се во сопственост на централните и на локалните […]

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните од оваа влада видоа само долгови

јули 25, 2017

„Граѓаните од оваа влада за овој период од реформи видоа само долгови. Владата на СДС безмилосно ја турка државата во долгови. Од ден на ден долговите на Република Македонија рапидно и енормно се зголемуваат. СДС успеа за неполни два месеца граѓаните да ги задолжи за 70-тина милиони евра“, порача ВМРО-ДПМНЕ преку сопштение денеска. Од опозициската партија […]

СДСМ: Долгот што ВМРО-ДПМНЕ им го остави на граѓаните е намален за 55 милиони евра

јули 22, 2017

ВМРО-ДПМНЕ покажува срамно непознавање и лаже кога вели дека Владата создала долг од 4,5 милијарди денари, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека со аукциите на домашниот пазар, нето-задолжувањето од први јуни до денес изнесува 1,8 милијарди денари, односно околу 30 милиони евра. „Истовремено, вратен […]

ВМРО-ДПМНЕ бара Владата да каже на што ќе ги троши парите од задолжувањата

јули 20, 2017

Без трошка срам, владата на СДС има испланирано до крајот на годината, освен тековните задолжувања, да го зголемат долгот за дополнителни 150 милиони евра, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во соопштение утрово. Во соопштението се додава дека досега владата на СДСМ само врз основа на аукции се задолжила околу 70 милиони евра. „Последната аукција изнесуваше 10,6 милиони евра […]

Заев очекува долгот на државата кон стопанството да остане под 700 милиони евра

јули 19, 2017

Премиерот Зоран Заев не очекува долгот на државата кон стопанството да стане поголем од 700 милиони евра. – Сè уште се прават анализи. Стигнавме до ставка од 400 милиони евра. Сепак, не очекуваме долгот на државата кон бизнис-заедницата да надмине 700 милиони евра – рече Заев, пред бизнис-средбата со стопанските комори, одговарајќи на новинарско прашање. Тој […]

Град Скопје ќе доставува решенија за присилна наплата на данок на имот

јули 17, 2017

Град Скопје во претстојниот период ќе доставува решенија за присилна наплата на долг за данок на имот и за фирмарина, од физички и од правни лица кои во согласност со законот во предвидените рокови ја немаат намерено својата обврска за 2016 година. „Се известуваат сите даночни обврзници, физички и правни лица, кои во наредниот период на […]

Завршната сметка на буџетот во сенката на дуелот Џафери – Тевдовски

јули 14, 2017

Откако во попладневното продолжение по паузата Собранието ја забрза работата експресно изгласувајќи ги, без гласови против, претседателите и членовите, како и нивните заменици, на комисиите на Собранието и составот на делегациите на Собранието, почна расправата за завршната предлог-сметка на буџетот на Република Македонија за 2016 година. Неа ја образложи министерот за финансии, Драган Тевдовски, кој […]

Министерството за финансии го отплати заемот од „Дојче банк“

јули 5, 2017

Министерството за финансии соопшти дека денеска во целост го отплатило заемот од „Дојче банк“ од 2012 година, во висина од 77,3 милиони евра. Со оваа исплата, јавниот долг ќе се намали за 0,7 процентни поени од домашниот бруто-производ, се вели во соопштението. „Заемот беше со каматна стапка од 6,4 проценти и беше наменет за финансирање на буџетскиот […]

Хоџа: Долгот на државата кон приватните компании е околу милијарда евра

јуни 18, 2017

Новата влада треба да направи ревизија на тоа колку должи државата и кои институции колку должат за да можеме понатаму да размислиме дали ние би влегле во преговори за соработка со некоја од тие институции, вели Неби Хоџа, претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Тој вели дека […]

ВМРО-ДПМНЕ: Досега не се случило образовна институција да остане без струја поради долг

јуни 16, 2017

„Колку и да се обидуваат да бараат алиби, фактите говорат дека досега никогаш не се случило студентските домови или која било друга образовна институција да остане без електрична енергија поради долг кон дистрибутерот. Електрична енергија немало само кога се реализирале градежни интервенции во објектите“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Министерството за […]

МОН информираше дека ДСЦ „Скопје“ има долг од 4,5 милиони евра

јуни 16, 2017

Министерството за образование и наука информираше дека Државниот студентски центар „Скопје“, под чија закрила функционираат студентските домови „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски – Питу“, има долгови од 4,5 милиони евра. Од нив, за комунални услуги, греење, комуникации и транспорт долгот е 1,6 милиони евра. „Доколку раководството на ДСЦ „Скопје“ навреме ги намируваше долговите […]

Нема договор за намалување на грчкиот долг

мај 23, 2017

Грција и меѓународните кредитори не успеаја да постигнат договор за потенцијално реструктуирање и намалување на грчкиот долг. На понеделничкиот состанок на Еврогрупата, претставниците на грчката влада, министрите на државите од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) не се договорија за конкретно намалување на грчкиот долг, нешто на кое грчката влада се надеваше по усвојување на […]

Долгот на „Агрокор“ изнесува 5,4 милијарди евра

мај 11, 2017

Хрватската компанија „Агрокор“ денеска испратила соопштение во кое се наведува дека актуелниот долг на фирмата, заклучно со 31 март 2017 година, изнесува околу 5,4 милијарди евра, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Наведената сума на долгови, по доспеани камати, други позајмици, одложено плаќање на даночни обврски и друго, како што било посочено, не ги […]

УЈП ја објави новата листа на должници

мај 11, 2017

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави петтата листа на должници за долгови доспеани до 31 јануари и за неплатени долгови до 30 април врз основа на данок на додадена вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На листата се компании, јавни претпријатија и физички лица. „Македонија пат“ е едно […]

СДСМ: Јавниот долг во првиот квартал од годинава е зголемен за 28,3 милиони евра

мај 2, 2017

Јавниот долг во првиот квартал од 2017 година во апсолутен износ е зголемен за 28,3 милиони евра, а во најновиот извештај Министерството за финансии лажно сака да прикаже негово намалување пресметано како процент од домашниот бруто-производ (БДП), велат од СДСМ. Оттаму додадваат дека иако пред 40 дена, Министерството за финансии јавно се огради од методологијата […]

Германија ги отфрли тврдењата на Трамп дека им должи пари на НАТО и на САД за одбрана

март 19, 2017

Германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лејен, денеска ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Германија должи „огромна сума“ пари на НАТО и на САД за одбрана, јавуваат светските агенции. „Не постои долг кон НАТО. Парите за одбрана се вложуваат во мировните мисии на Обединетите нации, во нашата европска мисија и во […]

Јакимовски ја задолжил Општина Карпош за 10,5 милиони евра, обвини СДСМ

март 18, 2017

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и „неговите соработници од ВМРО-ДПМНЕ“ ја задолжиле Општината за 10,5 милиони евра, обвинија денеска од општинската организација на СДСМ во Карпош. Од СДСМ велат дека официјалните извештаи на Општината и завршните сметки покажуваат дека само во 2016 година долгот се искачил за нови 5 милиони евра. – Непознато е […]

СДСМ: Власта во заминување за утре планира нови милионски долгови

јануари 9, 2017

Владата во заминување сака утре да ги задолжи граѓаните 15 милиони евра повеќе од обврските што се стигнати за враќање оваа недела, се вели во соопштение на СДСМ. Во него се додава дека Министерството за финансии, според најавената аукција, утре ќе побара 31,7 милиони евра, а за враќање се доспеани 15,8 милиони евра. – Бараме од […]

Страна 3 од 7