„Граѓаните од оваа влада за овој период од реформи видоа само долгови. Владата на СДС безмилосно ја турка државата во долгови. Од ден на ден долговите на Република Македонија рапидно и енормно се зголемуваат. СДС успеа за неполни два месеца граѓаните да ги задолжи за 70-тина милиони евра“, порача ВМРО-ДПМНЕ преку сопштение денеска.
Од опозициската партија велат дека Владата предводена од СДСМ предвидела и задолжување 150 милиони евра поголемо од предвиденото. Истовремено, обвини дека министерот за финансии, Драган Тевдовски, и Зоран Заев на прес-конференција искажале лаги „дека владата на ВМРО-ДПМНЕ оставила наводен скриен долг од 1 милијарда евра“, а во таа сума ги прикажале и долговите на општини и на локални јавни претпријатија. Притоа, во сумата внеле и обврски кои сè уште не се доспеани за наплата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.