fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Досега не се случило образовна институција да остане без струја поради долг

-

„Колку и да се обидуваат да бараат алиби, фактите говорат дека досега никогаш не се случило студентските домови или која било друга образовна институција да остане без електрична енергија поради долг кон дистрибутерот. Електрична енергија немало само кога се реализирале градежни интервенции во објектите“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Министерството за образование и наука.

„Обврските се сервисираа, па за неколку години се исплатени 66 милиони денари за заостанат долг. Дополнително во студентските домови, кои СДС така бргу ги заборави, во време додека ВМРО-ДПМНЕ ја водеше Владата, беа вложени повеќе од 8,3 милиони евра во изградба на целосно нови сместувачки капацитети и во реконструкција на дел од постојните, во набавка на целосно нов мебел за сите државни студентски домови. Беа набавени и инсталирани нови лифтови во сите објекти, а исто така првпат се поставија перални и сушални кои се на располагање бесплатно“, велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ако по утрото денот се познава, тогаш „новата влада на СДС не носи живот, туку носи мрак во Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...