Застрелани шест кучиња во Прилеп, „Анима Мунди“ бара реакција од полицијата

Комуналец Прилеп уредно си поминале и ги собрале застреланите тела на животните, кои живи, кои на издишување, и ги фрлиле во градската депонија кај село Алинци. Ниту крим полиција, ниту било каква пријава било каде, реагираат од „Анима Мунди“

-

На фотографијата е Шарче, куче од Прилеп, чиј сопственик вчера на социјалните мрежи објави дека завчера, на 5 февруари, било застрелано и убиено заедно со пет други кучиња.

„Низ населбата Варош во Прилеп на улиците Гога Јанкулоски, Гога Димитриоски, Благоја Јовчески и Благоја Шукуроски (сите во периметар од 500 метри) граѓаните беа сведоци на трагите кои се сè уште видливи од злоделото извршено врз овие невини суштества. Кучињата не беа скитници, ниту на некого му наштетиле, но во лош момент се нашле на патот на некој пореметен комшија. Не е првпат во оваа населба да се случува масовен помор на животни. Само пред неколку години имаше масовно труење на кучиња и мачки. Разрешница…немаше“, пишува Дејан Кумпа, сопственикот на Шарче, на социјалните мрежи.

Од здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ прашуваат каде е полицијата да реагира за овој случај, кога наоружано лице се шета низ град и пука?

„Како да ништо вонстандардно не се случило, Комуналец Прилеп уредно си поминале и ги собрале застреланите тела на животните, кои живи, кои на издишување, и ги фрлиле во градската депонија кај село Алинци. Ниту крим полиција, ниту било каква пријава било каде. Доказите таму некаде на депонија, дело нема. МВР, АХВ, општина Прилеп, министри, директори, градоначалници, ИТНО да излезете на улица и видите што се случува додека , какви ѕверства се премолчуваат и туркаат под тепих“, велат од „Анима Мунди“ и потенцираат дека на пукачот можеби еден ден ќе им засмета и човек.

„Да имавме систем, одговорни функционери и држава, психопатите ќе беа препознаени, лоцирани, ставени зад решетки и ќе се превенираа убиства во иднина. Но не, утре е нов ден и не се знае што нè чека и кој ќе биде идната жртва“!

Здружението бара итна реакција од полицијата во Прилеп, со цел да се расчисти случајот и да се лоцира кој пукал и ги убил кучињата.

НАТО не ја нападна Русија, ниту измислува дека таму пристигнале севернокорејски војници

НАТО не ја нападна Русија, НАТО не е во војна со Русија, а информациите дека севернокорејски војници пристигнале во Русија за да ѝ пружат поддршка на фронтот во Украина,...