В недела маскенбал за кучиња во Градски парк

ЈП Лајка најавува избор на најдобро маскирано куче и најдобро маскиран сопственик, додека за најдобрите и најиновативни учесници се предвидени награди

фото: ЈП „Лајка“

Јавното претпријатие „Лајка“ соопшти дека оваа недела, 14 април, организира маскенбал за кучиња во Градскиот парк во Скопје.

Претпријатието најавува избор на најдобро маскирано куче и најдобро маскиран сопственик, додека за најдобрите и најиновативни учесници се предвидени награди.

„Како и сите настани на ЈП Лајка и овој има за цел да го насочи вниманието на важноста на посвојувањето на бездомно куче“, велат од претпријатието.

Настанот ќе се одржи на Школка во Градски парк со почеток во 12 часот.