вторник, 12 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: домашни миленици | 27 резултати

Задолжителна стерилизација, гробишта за миленици, полиција за животни – новиот предлог закон влезе во Собрание

март 28, 2024

Сопствениците на кучиња и мачки ќе бидат должни да ги стерилизираат своите миленици, освен во случај ако се регистрирани како одгледувачи или одгледувачници. Регистрираните одгледувачи и одгледувачници ќе бидат должни да го пријават потомството од своите животни во овластена ветеринарна амбуланта најдоцна 30 дена по раѓањето и да ги регистрираат животните според Законот за идентификација […]

(ВИДЕО) Ива Стојановиќ – кога љубовта кон животните се претвора во акција за менување судбини

јануари 8, 2024

Со своите емотивни стории на социјалните мрежи, Ива Стојановиќ од Скопје со години наназад се обидува да им го приближи она што македонските граѓани понекогаш имаат потешкотија да го разберат – зошто треба да се има емпатија кон секое живо суштество на планетава, зошто треба да се помага и пред сè, дека порастот на бездомните […]

Возел 320 километри на новогодишната ноќ за да спаси од евтаназија што повеќе кучиња од Британија

јануари 3, 2024

Семи Вилкинсон, љубител на расата кучиња „XL бул“ (XL Bully) возел повеќе од 320 километри (200 милји) на новогодишната ноќ за да земе кучиња од оваа раса и да ги однесе Шкотска, само неколку часа пред да биде воведена забраната за оваа раса во Англија и Велс, пренесува Индипендент.  Забраната за оваа раса стапи на […]

Во Британија на полноќ стапува на сила забрана за расата „XL бул“ кучиња

декември 31, 2023

Забраната на расата кучиња „XL бул“ (XL Bully) од денеска на полноќ треба да стапи на сила во недела во Англија и во Велс, по најавата од септември од страна на владата на Обединетото Кралство дека постои пораст на фатални напади од оваа раса кучиња. Расата „XL бул“ беше додадена во септември на листата на […]

Си го оставил кучето врзано во напуштена фабрика, Лајка најавува кривична пријава

октомври 31, 2023

Свирепа судбина за животот на едно куче сподели денеска ЈП „Лајка“, со апел да се согледа реалноста како завршуваат дел од кучињата кои имаат сопственици, а потоа се откажуваат од нив и ги напуштаат. Германскиот овчар бил пријавено од граѓани дека веќе подолго време е на јавен простор и напуштено. На 18-ти месецов, тоа било […]

Се вдоми Сики, кучето кое беше оставено во парк за миленици со ветеринарната книшка

октомври 16, 2023

Кучето Сики, кое пред десетина дена несовесни сопственици го имаа оставено во парк за миленици, заедно со неговата ветеринарна книшка, си најде нов дом. Од ЈП „Лајка“, каде што Сики беше сместен во последниве денови откако беше напуштен, соопштија дека среќата сепак му се насмевнала. „Сики, кучето кое беше напуштено на светскиот ден на животните […]

Го оставиле кучето со ветеринарната книшка во парк за миленици, сега му се бара нов дом

октомври 6, 2023

Пред два дена, токму кога се одбележуваше Светскиот ден на животните, мало кутре било оставено во паркот за миленици кај објектот на поранешна „Нова Македонија“. Сопствениците кои го напуштиле, го оставиле и неговиот вакцинален картон и храна за него. Фотографии од напуштеното куче се вртеа низ социјалните мрежи, со коментари во однос на неодговорноста и […]

Кучето на Бајден касна уште еден чувар во Белата куќа, единаесетти по ред

септември 27, 2023

Двегодишниот германски овчар на семејството на американскиот претседател Џо Бајден каснал уште еден агент на Тајната служба. Нападот се случил во понеделникот вечерта, а на службеникот му била укажана помош на местото на настанот, се вели во вчерашното соопштение на Тајната служба што го пренесе Би-би-си. Ова е единаесетти пат кучето Командер да касне чувар […]

Напуштањето на миленици во Хрватска ќе се казнува со затвор до една година

септември 17, 2023

Напуштањето на животните наскоро би требало да стане кривично дело со затворска казна до една година, пишува Јутарњи лист. Тоа ќе биде дел од новиот пакет измени на Кривичниот законик, кој веќе една година го пречистува работната група на Министерството за правда и администрација. Oд документите на работната група која работи на новиот закон, како […]

Бесплатни стерилизации на кучиња во Берово и во Сопиште

јули 14, 2023

Општина Берово ќе врши субвенционирање на 100% од трошоците за стерилизација на триесет женки-кучиња на територијата на општина Берово, во текот на 2023 година, соопшти општината. Cубвенцијата се состои од покривање на 100% од трошоците кои сопственикот ги има направено за стерилизација на истото. По основ на овој јавен повик ќе бидат субвенционирани 30 лица, […]

Приведен е маж кој влечел куче со автомобил на грчкиот остров Закинтос

јуни 29, 2023

Седумдесет и петгодишен маж е уапсен вчеравечер на островот Закинтос, во областа Гаитани, бидејќи влечел куче зад своето возило, пренесува Екатимерини. Возач од друг автомобил го снимил моментот кога кучето, врзано за куката за автомобилот, кое се влече и се бори да се ослободи. Во видеото, тој му кажува на човекот да го запре автомобилот, […]

Домашните некастрирани кучиња напаѓаат многу повеќе отколку бездомните

април 14, 2023

Според неодамнешните статистики за каснување од кучиња, во 2022 година имало речиси 100 милиони каснувања од кучиња ширум светот, а приближно 10 милиони се случиле во САД. Од сите возрасни групи, помалите деца имале поголема веројатност да бидат каснати од кучето на соседот или пак од семејното куче отколку возрасните луѓе. Ова се вели во […]

Погребано детето кое почина откако беше искасано од кучето на соседот, истрагата е во тек

април 13, 2023

Тече постапката пред надлежните институции за смртта на осумгодишното дете од скопската населба Пинтија, кое беше искасано од соседско куче од расата „булмастиф“. Денеска беше извршен погребот на момчето, а две од вкупно три кучиња вчера беа одземени од сопственикот. Станува збор за женка од 12 години од расата англиски булмастиф и мажјак, стар две […]

Одземени две „булмастиф“ кучиња откако вчера до смрт беше изгризано 8-годишно момче

април 12, 2023

Дванаесетгодишен англиски булмастиф усмрти осумгодишно дете во скопската населба Пинтија во Кисела Вода откако детето влегло во дворот на соседите прескокнувајќи ја оградата, потврдија за Мета.мк два независни извора, по вчерашниот стравотен настан. Детето, поради нанесените повреди, починало на пат кон болницата. Според досегашните информации, во моментот во дворот имало три кучиња, сите од истата […]

Груев: Има епидемија на заразна болест штенечак кај кучињата, сопствениците да внимаваат на своите миленици

февруари 26, 2023

Сопствениците на домашни миленици периодов треба да избегнуваат групирање на повеќе кучиња со непознат вакцинален статус и секако, сега, додека трае ова, да ги намалат прошетките колку што е можно повеќе по парковите и по местата каде што циркулираат повеќе улични кучиња. Сепак, најважно сите сопственици да проверат дали нивниот миленик е со активна вакцина против штенечак.

Не е точно дека СЕФ поттикнува иницијатива за евтаназија на домашни миленици

декември 18, 2022

Сторијата на Си-Ен-Ен која се споделува во текстот од објавата не споменува никакво убивање, односно евтаназија на домашни миленици. Тој текст само се занимава со прашањето дека сопствениците би можеле на милениците да внимаваат каква храна им купуваат, бидејќи нивната исхрана богата со месо придонесува да се користи многу енергија и вода за производство. Во […]

Бања Лука прва во регионот доби полиција за кучиња

август 25, 2022

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ на својот официјален профил на Фејсбук објави дека Бања Лука добила полиција за кучиња, која е прва од ваков вид во поширокиот регион. Според Станивуковиќ, целта на оваа служба е да се обезбеди подобра безбедност за граѓаните, почитување на обврските на сопствениците на кучиња, но и контрола на условите […]

Во земјава не постојат доволно ветеринари-специјалисти за откривање на некои болести на животните

август 3, 2022

Ветеринарството е можеби една од најнепопуларните струки за младите во Република Северна Македонија. Во 2019 година на Ветеринарниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола дипломирале вкупно 19 студенти, а следната 2020 година бројот бележи пад на само 5 апсолвенти. Нешто повисока е бројката на дипломирани студенти на Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот […]

Основците учеа како одговорно да ги чуваат домашните миленици: „На своето куче може да му кажете сѐ…ОСВЕН ЗБОГУМ“

март 15, 2022

Учениците од „ООУ Св. Кирил и Методиј” Центар – Скопје кои учат во трето и четврто одделение имаа час на тема „Дали сте подготвени да станете херој? – Одговорно чување на домашните миленици“. Под мотото „На своето куче може да му кажете сѐ…ОСВЕН ЗБОГУМ“ тие научија дека да се биде сопственик на куче значи да […]

ЈП „Лајка“: Јуни-меѓународен месец за поголема свест за микрочипирање на миленици

јуни 7, 2021

Од Јавното претпријатие за грижа и заштита на бездомните кучиња „Лајка“ соопштуваат дека јуни е меѓународниот месец за подигнување на свеста за микрочипирање на милениците. „Микрочипот обезбедува сигурна и трајна идентификација, што во голема мера ја зголемува веројатноста доколку вашиот домашен миленик се изгуби, да биде вратен во својот дом. Микрочипот е најдобриот начин да […]

Страна 1 од 2