четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: кучиња | 64 резултати

Постапка против осомничени за организација на борби со кучиња во битолско

ноември 3, 2025

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица за кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените се 44-годишен посредник во организација на борби со кучиња и 43-годишник кој во дворот на семејна куќа во битолското село Црнеец подготвил заграден ринг […]

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

мај 20, 2025

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици граѓани пријавиле каснувања. Во меѓувреме, Општина Тетово молчи, пишува Порталб.мк. Во врска со овој проблем, жителот на овој град, Ариф Арифи, покажувајќи снимки од […]

АХВ изрече забрана за вршење дејност на прифатилиште за бездомни кучиња во струмичко

мај 6, 2025

По повеќе добиени претставки и реакции од граѓани на социјалните мрежи за несоодветни услови во прифатилиштето и нехуман третман на животните, стручен тим од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спровел вонреден инспекциски надзор во стационар – прифатилиште за бездомни кучиња во Струмичко, информираат оттаму. Како што објавува АХВ, поради утврдени недоследности инспекторите издале времена […]

Српските студенти организираат изложба на кучиња за собирање средства за фамилиите на жртвите од пожарот во Кочани

март 26, 2025

Студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во недела организираат изложба на кучиња со цел да соберат средства за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. „Ги покануваме сите љубители на кучиња, студенти, професори, како и сите луѓе со добра волја да ни се придружат во недела на 30 март од 10 до 14 […]

В недела маскенбал за кучиња во Градски парк

април 11, 2024

Јавното претпријатие „Лајка“ соопшти дека оваа недела, 14 април, организира маскенбал за кучиња во Градскиот парк во Скопје. Претпријатието најавува избор на најдобро маскирано куче и најдобро маскиран сопственик, додека за најдобрите и најиновативни учесници се предвидени награди. „Како и сите настани на ЈП Лајка и овој има за цел да го насочи вниманието на […]

Mинимални казни за трујачите, неодговорните сопственици и за мачењето животни

март 10, 2024

„Докторот што со патничко моторно возило влечеше куче врзано за автомобил заработи кривична пријава, а кучето му е одземено“. „Х.Х. организирал борби помеѓу две кучиња, а потоа снимениот материјал од борбата го објавил на социјална мрежа. Едно од кучињата со видливи повреди било пронајдено во напуштена куќа во тетовско Селце, по што било предадено на […]

Обвинение за труење кучиња во Неготино

февруари 24, 2024

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против 62-годишен жител на Неготино за кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1, како и Мачење животни според член 233 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 08.01.2023 на улицата “Индустриска” во Неготино, со намера да усмрти кучиња, истурил течен отров помешан со храна. […]

Уапсен тинејџер од Тетово за организирање борби со кучиња

февруари 22, 2024

Долго време активистите и невладините организации бараат да се стави крај на организираните борби меѓу кучиња за забава и профит кои се сметаат за кривично дело „мачење животни“. По голем број вирални фотографии и видеа на социјални мрежи од организирани борби со кучиња, вчера полицијата во тетовско Лавце го лишила од слобода 19-годишниот Х.Х. поради […]

Застрелани шест кучиња во Прилеп, „Анима Мунди“ бара реакција од полицијата

февруари 7, 2024

На фотографијата е Шарче, куче од Прилеп, чиј сопственик вчера на социјалните мрежи објави дека завчера, на 5 февруари, било застрелано и убиено заедно со пет други кучиња. „Низ населбата Варош во Прилеп на улиците Гога Јанкулоски, Гога Димитриоски, Благоја Јовчески и Благоја Шукуроски (сите во периметар од 500 метри) граѓаните беа сведоци на трагите […]

Јужна Кореја ќе го забрани производството и продажба на кучешко месо

јануари 9, 2024

Парламентот на Јужна Кореја усвои значајна забрана за производство и продажба на кучешко месо, откако се зголеми јавната загриженост за правата на животните, но и за меѓународниот имиџ на земјата, јавува Асошиејтед Прес. Одгледувачи на кучиња, револтирани од одлуката, изјавиле дека планираат да ја оспорат уставноста на законот и да одржат протестни собири, што е […]

(ВИДЕО) Ива Стојановиќ – кога љубовта кон животните се претвора во акција за менување судбини

јануари 8, 2024

Со своите емотивни стории на социјалните мрежи, Ива Стојановиќ од Скопје со години наназад се обидува да им го приближи она што македонските граѓани понекогаш имаат потешкотија да го разберат – зошто треба да се има емпатија кон секое живо суштество на планетава, зошто треба да се помага и пред сè, дека порастот на бездомните […]

Возел 320 километри на новогодишната ноќ за да спаси од евтаназија што повеќе кучиња од Британија

јануари 3, 2024

Семи Вилкинсон, љубител на расата кучиња „XL бул“ (XL Bully) возел повеќе од 320 километри (200 милји) на новогодишната ноќ за да земе кучиња од оваа раса и да ги однесе Шкотска, само неколку часа пред да биде воведена забраната за оваа раса во Англија и Велс, пренесува Индипендент.  Забраната за оваа раса стапи на […]

Во Британија на полноќ стапува на сила забрана за расата „XL бул“ кучиња

декември 31, 2023

Забраната на расата кучиња „XL бул“ (XL Bully) од денеска на полноќ треба да стапи на сила во недела во Англија и во Велс, по најавата од септември од страна на владата на Обединетото Кралство дека постои пораст на фатални напади од оваа раса кучиња. Расата „XL бул“ беше додадена во септември на листата на […]

Си го оставил кучето врзано во напуштена фабрика, Лајка најавува кривична пријава

октомври 31, 2023

Свирепа судбина за животот на едно куче сподели денеска ЈП „Лајка“, со апел да се согледа реалноста како завршуваат дел од кучињата кои имаат сопственици, а потоа се откажуваат од нив и ги напуштаат. Германскиот овчар бил пријавено од граѓани дека веќе подолго време е на јавен простор и напуштено. На 18-ти месецов, тоа било […]

Го оставиле кучето со ветеринарната книшка во парк за миленици, сега му се бара нов дом

октомври 6, 2023

Пред два дена, токму кога се одбележуваше Светскиот ден на животните, мало кутре било оставено во паркот за миленици кај објектот на поранешна „Нова Македонија“. Сопствениците кои го напуштиле, го оставиле и неговиот вакцинален картон и храна за него. Фотографии од напуштеното куче се вртеа низ социјалните мрежи, со коментари во однос на неодговорноста и […]

Идната сабота изложба на вдомени кучиња на Школка

октомври 6, 2023

По повод третиот роденден, јавното претпријатие „Лајка“ организира изложба на вдомени кучиња в сабота, 14 октомври во Градскиот парк на Школка. Сите заинтересирани за учество на изложбата треба да ја пополнат оваа апликација. „На оваа изложба може да се пријават сите граѓани кои имаат домашен миленик мешавина од различни раси, а воедно ќе бидат поканети […]

Кучето на Бајден касна уште еден чувар во Белата куќа, единаесетти по ред

септември 27, 2023

Двегодишниот германски овчар на семејството на американскиот претседател Џо Бајден каснал уште еден агент на Тајната служба. Нападот се случил во понеделникот вечерта, а на службеникот му била укажана помош на местото на настанот, се вели во вчерашното соопштение на Тајната служба што го пренесе Би-би-си. Ова е единаесетти пат кучето Командер да касне чувар […]

Првиот фестивал за миленици „Скопје Пет Фест“ ќе се одржи на 17 септември

септември 7, 2023

На 17-ти септември во Градски Парк Скопје за првпат ќе се одржи „Скопје Пет Фест“ –  регионален настан за сите љубители на животните. „Фестивалот е замислен како семеен настан за деца, возрасни и нашите крзнени пријатели, со богата едукативна и забавна содржина – едукативни работилници за деца, маскоти со омилените ликови од анимираните филмови, едукативни […]

„Бездомните“ животни во Истанбул – хармонија во секојдневниот живот, без напади и изживување

август 27, 2023

Пеколен летен ден во Истанбул. Бегство од сончевите зраци наоѓаме во најблиското продавниче за вода. За разлика од Македонија, во градот на Босфорот пречекот на муштеријата е изненадувачки. Покрај продавачот, речиси во секое дуќанче има барем по една мачка или куче. Испружени покрај тутунот и наргилето на полиците на киосци, распослани по подот во климатизираните […]

Страна 1 од 3