Два случаја на семејно насилство биле регистрирани вчера во Охрид од страна на полицијата. Вчера полициските службеници од СВР Охрид, го привеле М.С.(54) од Охрид, по претходна пријава дека во својот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
Вчеравечер, околу 20.50 часот, уапсен бил и С.Н.(34) од Охрид кој, во семејниот дом агресивно се однесувал кон членови на семејството а потоа и кон полициските службеници кои биле повикани.
По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.