fbpx

Различни институции со различни бројки за бројот на вработени во јавниот сектор

-

Во земјава е прилично едноставно да се дојде до официјална бројка за вработените во приватниот сектор, но не и до бројот на вработени во јавниот сектор. Формално, Министерството за информатичко општество и администрација води државен Регистар на вработени во јавниот сектор, но тој не ги опфаќа пратениците, министрите, замениците министри, градоначалниците,општинските советници, претседателите и членовите на државни комисии, директорите, судиите, јавните обвинители и другите избрани или именувани лица.

Причината е во членот 2 став 3 од Законот за вработените во јавниот сектор, кој го пропишува овој исклучок.

„Функционерите, односно лицата кои добиле мандат да извршуваат функција на претседателски, парламентарни или на локални избори, лицата кои добиле мандат да извршуваат функции во извршната или во судската власт преку избор или именување од Собранието на Република Македонија или од органите на локалната власт, како и други лица кои согласно со закон се избрани или именувани на функција од носителите на законодавната, извршната или судската власт, во смисла на овој закон, не се сметаат за вработени во јавниот сектор“, гласи оваа одредба.

Исклучокот е нагласен и во последниот Годишен извештај од  регистарот на вработени во јавниот сектор:

„Од тие причини, во податоците прикажани подолу во Извештајот не се содржани податоци за пратеници, министри, заменици министри, градоначалници, претседатели и членови на државни комисии, директори, судии, јавни обвинители и други избрани или именувани лица“, се вели во извештајот.


Со ова ограничување, Регистарот во 2018 година евидентирал 132.068 вработени во јавниот сектор, или околу 17 отсто од вкупниот број вработени.

Но, според Меѓународната организација на трудот (ILO), состојбата е поинаква. Јавниот сектор, според оваа агенција на Обединетите нации, опфаќа околу 23 отсто од вкупниот број вработени, а во 2017 година, кога е направен последниот Преглед на работна сила, во јавниот сектор работеле околу 170.000 луѓе. Организацијата го дефинира јавниот сектор како „вработени во владиниот сектор и вработени во претпријатија и институции во јавна сопственост, кои работат на централно или локално ниво на власта.“

Од податоците во Регистарот се разликуваат и бројките за Вработени според видот на сопственоста на деловните субјекти и секторите на дејност за 2018 година на Државниот завод за статистика. Според овие податоци, повеќе од 172.000 лица, или околу 22,7 отсто од вкупниот број вработени, работат во „субјекти во друга сопственост“, категорија која ги опфаќа сите неприватни, односно „субјекти во општествена, државна, задружна и мешовита сопственост“.

Ако се земе предвид и податокот на ДЗС дека околу 46.000 лица работат со статус на  неплатен семеен работник , бројот на вработени би се намалил на 712.960, а учеството на јавниот сектор би пораснало на 24,2 отсто од вкупниот број вработени.

Искучокот во опфатот на вработените во јавниот сектор не е единствениот фактор кој го усложнува водењето на Регистарот.

„Податоците содржани во Годишниот извештај за податоците од Регистарот на вработените во јавниот сектор се резултат на размената на податоци од евиденцијата на Министерството за информатичко општество и администрација со податоците од Агенцијата за вработување на Република Македонија, Управата за јавни приходи, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и Фондот за здравствено осигурување на Македонија.“, се нагласува во Годишниот извештај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОЛАФ бара Македонија да врати 22 милиони евра за проекти од 2016 до 2018 година

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година. Во 2019 година...