fbpx

Владата реагира на индексот на ТИ: Извршната власт е транспарентна, потребно е независно судство

Реагирајќи на падот за 13 места на индексот на перцепција на корупцијата, владата објави соопштение во кое се набројани повеќе преземени активности за зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите. „За бескомпромисна борба против корупцијата ја подигнавме отчетноста и транспарентноста на институции на извршната власт,...

Висок раст на цените на становите во Охрид, Битола и Гази Баба (инфографик)

Гази Баба, Охрид и Битола се рекордери по пораст на просечната цена на станбениот квадрат за период од една година, покажа анализата на Мета.мк на податоците од регистрите на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижнини за перидот јули-септември 2018 и 2019...

Рекордни 44,3 милиони евра од патарини во 2019 година (инфографик)

Јавното претпријатие за државни патишта лани успеало да собере рекорден надоместок од возачите за користењето на македонските автопати. Од патарина во 2019 година биле инкасирани над 44,3 милиони евра, односно за околу 9,1 отсто повеќе во споредба со претходната година. Наплатните станици во последниот...

Добро екипирана јавнообвинителска служба е предуслов за независно и ефикасно јавно обвинителство (инфографик)

Јавнообвинителскиот систем на Република Северна Македонија не може да функционира ефикасно и независно без добро екипирана, професионална и компетентна јавнообвинителска служба. Оваа служба, според закон, треба да ја сочинуваат стручни службеници, потоа истражители за криминални дејствија, и технички и помошен кадар. Функционалната анализа на јавнообвинителскиот...

Проблемот со паркирањето во Скопје е равенка со многу непознати (инфографик + видео)

Уништено зеленило, паркирани возила по улиците, караници и тепачки меѓу возачите и секојдневни нервози при барањето слободно паркинг место се само мал дел од последиците што ги чувствуваат граѓаните од проблемот со недоволно паркинг места во Скопје. Бројот на автомобили во градот расте многу...

Извршителите протестираат бидејќи нема да заработуваат милиони (инфографик)

Незадоволни од определбата на Владата да ја стави заработувачката на извршителите во некакви нормални граници, денеска тие го затворија канцелариите во знак на протест против новиот тарифник со кој се предвидува намалување на наградата при извршување на парични побарувања од граѓани од 1.000 на...

Секој граѓанин дневно произведува 1,1 килограм отпад (инфографик)

Од 2011 година официјалните мерења покажуваат постојан тренд на зголемување на отпадот во земјава. Само за четири години комуналниот отпад е зголемен за 90.000 тони. Најголем “произведувач“ на отпад е Скопскиот регион, а најмало количество на создаден комунален отпад има во Југоисточниот регион, пишува...

Тетово: Зголемен е бројот на читатели, најдобрите за 2019 добија награди (инфографик)

Книги, признанија и ваучери со кои ќе имаат бесплатен пристап до тетовската библиотека во понеделникот им беа доделени на најдобриот 21 читател во Тетово за 2019 година. Добитниците на наградите беа поделени во неколку категории, со цел ниту една посебна возраст и категорија да...

Нема доволно места за паркирање во Скопје, но затоа има премногу работа за пајакот (инфографик)

Недостатокот на паркинг места во Скопје е голем проблем за граѓаните кои го користат својот автомобил за патување низ градот, но за пајак - службата на ЈП „Градски паркинг“ ваквата негативна состојба е вистинска можност за заработка. Непрописно паркираните возила, кои ги крева пајакот,...

Енергетски ефикасните реконструкции на станбениот фонд ќе чинат над 500 милиони евра (инфографик)

Промената на прозорците и вратите во станбените згради, заедно со изведбата на нови фасади и поправките на кровните конструкции, можат да донесат пониски сметки за греење и ладење на македонските домаќинства во просек и до 40 отсто. Но, за да се извршат енергетско ефикасни...

33 години неуспешни обиди за изградба на трамвај во Скопје (хронологија)

Приказната за изградба на трамвај во Скопје е стара неколку децении, исто како и реалната работа на градските власти за неговата реализација. Пребарувањето низ архивите околу темата за трамвајот, „Мета.мк“ ја однесе назад во далечната 1986 година, кога започнала изработката на првичната документација за...

„Градски паркинг“ за 4 години заработил над 1,7 милиони евра од паркингот во Клинички центар (инфографик)

Над 1,7 милиони евра заработило јавното претпријатие „Градски паркинг“ во изминативе 4 години од управувањето со паркингот во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Податоците од годишните извештаи за работењето на ова претпријатие за периодот 2015 - 2018 година покажуваат дека овој...

Извршната власт е полуотворена за граѓаните (инфографик)

Македонската извршна власт исполнува половина од индикаторите за отвореност, заклучува најновата студија на јавна политика на  Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и регионалната мрежа на НВО-и „ACTION SEE“, во која се анализира нивото на транспарентност, отвореност и отчетност на извршната власт во регионот...

Сите ревизии нашле прекршувања на законите и неисправно финансиско работење на јавните претпријатија (инфографик)

Секој ревизорски извештај за работа на јавно претпријатие во минатите пет години укажал на прекршувања на законите и регулативите, а ниеден не дал позитивно мислење за финансиското работење, утврдила анализата на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ од Скопје. ИДСЦС ги анализирал сите извештаи на...

Врховниот суд – полузатворена институција за јавноста (инфографик)

Врховниот суд исполнува само половина од индикаторите за достапност, одговорност, интегритет и транспарентност. Така покажува истражувањето на ActionSEE, кое го мери нивото на отвореност на институциите во периодот 2016 - 2018 година и врз основа на истото ги утврдува горенаведените индикатори. Како што може да...

Бројот на возила расте 10 пати побрзо од бројот на паркинг места (инфографик)

Наместо со засилено темпо да го решаваат проблемот со паркирањето, општинските власти и одговорните државни институции со текот на годините го намалуваат бројот на објекти за паркирање со кои тие директно управуваат. Сето ова се случува во период кога бројот на регистрирани патнички возила...

Судовите во Македонија се затворени за јавноста, не ги исполнуваат условите за транспарентност (инфографик)

Три години по ред судовите во Македонија покажуваат слаби резултати во областа на отвореноста на институциите, односно тие се затворени, исто како и судовите на државите од регионот, покажува истражувањето на проектот „ACTION SEE“ коешто го измерило нивото на отвореност на институциите за 2018...

Сѐ уште се возиме по илјадници километри локални патишта од земја и макадам (инфографик)

И во дваесет и првиот век, постојат стотици патишта во земјава по кои граѓаните сѐ уште возат по земја и макадам. Асфалт, бетон или коцка како коловоз имаат само 62,6 отсто од македонските патишта. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2018...

Автопат Кичево – Охрид: Од идеја до 600 милиони евра долг (хронологија)

Три и пол години доцнење во изведбата на проектот и негово поскапување за над 180 милиони евра е краткиот пресек од досегашната изградба на автопатот Кичево - Охрид. „Најголемата инфраструктурна инвестиција во земјава во последните пет децении“, помпезна најава искажана лично од поранешниот премиер...

Околу 3 отсто од првачињата не се вакцинирани или немаат комплетен вакцинален картон (инфографик)

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), преку вонредна проверка, регистрирал 537 ученици во прво одделение кои ги немаат примено сите вакцини или имаат некомплетен вакцинален картон, што најчесто значи дека имаат примено вакцина, но не и ревакцина. Процентуално земено, тоа се нешто повеќе од...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...