fbpx

Сообраќајките со мопед и мотоцикл многу посмртоносни отколку оние со автомобил (инфографик) 

Иако гледано во апсолутни бројки загинати мотоциклисти има многу помалку од загинати возачи на автомобили, стапката на смртност при сообраќајни несреќи е за 7,5 пати повисока за возачите на мотоцикли

-

Стапката на смртност кај учесниците во сообраќајот со мопед и мотоцикл е драстично повисока отколку кај возачите на патничките моторни возила, покажа анализата на  податоците од Државниот завод за статистика која ја направи тимот на Мета.мк.  


Иако гледано во апсолутни бројки загинати мотоциклисти има многу помалку од загинати возачи на автомобилистапката на смртност при сообраќајни несреќи е за 7,5 пати повисока за возачите на мотоцикли. Пресметките се правени врз база на податоците за загинати возачи од 2012 до 2018 година во земјава. Стапката е пресметана на тој начин што се поделени вкупните бројки на смртни случаи со бројот на регистрирани мопеди и мотоцикли односно автомобили.  Конечните бројки кои се прикажани на инфографикот ја прикажуваат стапката на смртност на секои 1.000 регистрирани возила, односно мопеди и мотоцискли по години од 2012 до 2018 година.  

Така, во 2012 година, во несреќи кои вклучувале автомобили, мопеди и мотоцикли загинале 69 учесници во сообраќајот. Од нив најгоолем дел, или 61 во несреќи кои вклучувале автомобил, а 8 во несреќи кои вклучувале мотоцикли и мопеди. Но, во истата 2012 година вкупно биле регистрирани 8.473 мопеди и мотоцикли, а 301.761 патничко возило.  

Во 2018 година, пак, во несреќи кои вклучувале автомобили, мопеди и мотоцикли загинале 90 учесници во сообраќајот при што 70 жртви имало во несреќи што вклучувале патнички возила а 20 жртви во несреќи кои вклучувале мопеди и мотоцикли. Минатата 2018 година биле регистрирани вкупно 13.343 мопеди и мотоцикли, а 415.051 патничко возило. 

Вкупно земено, просечната стапка на смртност за сите 7 години заедно, е за 7,5 пати повисока кај несреќите кои вклучуваат мопеди и мотоцикли во однос на оние кои вклучуваат патнички автомобили. 

Податоците укажуваат на потреба од зголемување на јавната свест и поголема едукација кај сите учесници во сообраќајот, без разлика дали станува збор за пешаци, возачи на автомобили, возачи на мопеди и мотоцикли или сопатници. При тоа, за мотоциклистите, исклучително е важна заштитната опрема, пред сè добрата кацига и другита елементи од гардеробата. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...