fbpx

АНАЛИЗА: Долговите на општините и јавните претпријатија – меѓу најзадолжените Тетово, Гостивар и Скопје

Јавните претпријатија во континуитет се соочуваат со финансиски проблеми кои се заострија со енергетската криза, но во исто време го задржуваат статусот на државни фирми за вработувања по партиски клуч

-

Град Скопје со доспеани, а неплатени, обврски во износ од 7,3 милиони евра, на крајот на 2023 година се најде меѓу најзадолжените. Во првите десет должници и натаму котираат Тетово и Гостивар. На новата должничка листа, со милионски долгови, се голем број јавни претпријатија формирани од државата, Град Скопје и од општините.

Порталб.мк ги рангира десетте најзадолжени општини и јавни претпријатија.

Во првите десет најзадолжени општини и во 2023 година се Тетово и Гостивар. Според податоците од Министерството за финансии, Општина Тетово со доспеани, а неплатени, обврски во износ од 8,3 милиони евра е рангирана на деветтото место на новата должничка листа. Локална власт на Тетово пријавила уште 109.000 евра долг на основа на недоспеани обврски. Општина Гостивар со доспеан неплатен долг од речиси иста сума како Тетово – 8,3 милиони евра, е рангирана на десеттото место. Веднаш зад овие две општини е Град Скопје, со доспеани, а неплатени обврски, во износ од 7,3 милиони евра.

Според висината на долгот, трета најзадолжена е Општина Охрид со износ од 5,2 милиони евра а милионски долгови пријавиле и Општина Делчево 3,1 милион евра, Општина Желино со 2,3 милиони евра, Општина Кисела Вода со износ на долг од 1,7 милиони евра и Општина Струга со приближно иста сума од 1,7 милиони евра. Општина Василево пријавила доспеани а неплатени обврски во износ од 1,5 милиони евра а Општина Аеродром должи скоро 1,1 милион евра. Долгот на останатите општини се движи под еден милион евра.

Општинските јавни претпријатија должат 77 милиони евра

Меѓу најзадолжените јавни претпријатија формирани од Град Скопје е ЈП Водовод и канализација – Скопје, кое со доспеани обврски во износ од 9 милиони евра се наоѓа на седмото место на новата должничка листа. Слична сума должи и ЈП Водовод – Куманово, кое е рангирано на осмото место. Со висина на долг од 6,4 милиони евра, на 13-то место се наоѓа ЈП Колекторски систем – Скопје, а со милионски долгови зад него се рангирани ЈП Водовод – Охрид со скоро 6,1 милион евра и ЈКП – Тетово со 5,7 милиони евра.

ЈСП – Скопје, кое во континуитет се соочува со политичко-финансиски превирања, на крајот на 2023 година пријавило долг во износ од речиси 4,5 милион евра. ЈП Комуналец – Струмица пријавило долг од речиси 4,2 милиони евра, а зад него се ЈП Водовод и канализација – Струга, со доспеани, а неплатени, обврски во износ од речиси 3,8 милиони евра, ЈП Чистота и зеленило – Куманово со 3,6 милиони евра и ЈП Комуналец – Гостивар со пријавени 3,4 милион евра.

Вкупниот долг на сите ЈП на државно, градско и локално ниво на крајот на декември 2023 година изнесувал речиси 77 милиони евра. Јавните претпријатија во континуитет се соочуваат со финансиски проблеми кои се заострија со енергетската криза, но во исто време го задржуваат статусот на државни фирми за вработувања по партиски клуч.

ИзворПорталб

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...