fbpx

Ангеловска Бежоска ќе положи заклетва пред Џафери, па ќе ја прими должноста од Богов

Новата гувернерка на Народна банка на Македонија, Анита Ангеловска Бежоска денеска во 9.30 часот ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери, во Охридска сала. Потоа, во Народна банка, по прес-конференцијата во 11 часот, ќе има примопредавање на должноста со досегашниот гувернер Димитар Богов. Анита...

Зоран Заев доби ослободителна пресуда во случајот „Поткуп“

Кривичниот суд денеска донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев за кривичното дело примање поткуп. Судијата Дарко Тодоровски од Основниот суд Скопје го ослободи Заев од обвинение. Во читањето на пресудата судијата Тодоровски наведе дека обвинителството не успеало да докаже дека Заев додека бил градоначалник...

Во Скопје и Атина се пребројуваат раните и се лечат повредите од „Илинденска“

За помалку од 48 часа од промоцијата на „новото“ име, и во Скопје и во Атина се бара излез и од оваа нова ситуација. Премиерот Зоран Заев, на лидерската средба доби поддршка (значајна) само од коалицискиот партнер ДУИ, но изостанаа другите чинители. Неговиот грчки колега,...

Мандатот на Богов истекува денеска, на седницата нема точка за избор на гувернер

Мандатот на гувернерот Димитар Богов истекува денеска, на Собрание е закажана 46. седница од 11 часот, но на дневен ред ја нема точката за избор на гувернер. Претседателот Ѓорге Иванов ја предложи вицегувернерката Анита Ангеловска Бежоска за гувернерка, откако Богов, кој беше предложен за втор мандат,...

Заев побара поддршка од сите за името Република Илинденска Македонија

Со целосна одговорност, внимателност и посветеност на државните интереси, ги информирав претседателот на државата, претседателот на Собранието и претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за сите детали од преговорите и известив дека владите на Република Македонија и Република Грција разговараа за опција и решение кое...

Лидерска средба за името денеска во 13 часот

Премиерот Зоран Заев за денеска во 13 часот во Клубот на пратеници во Скопје најави дека ќе се одржи лидерска средба на која тој ќе информира за преговорите за спорот за името и неговата средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Софија. На средбата, како...

Лидерска средба за името утре во 13 часот

Премиерот Зоран Заев денеска во Струга најави дека во утре во 13 часот Клубот на пратеници во Скопје ќе се одржи лидерска средба на која тој ќе информира за преговорите за спорот за името и неговата средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Софија. На...

Во Атина не се сигурни: Μακεδονία του Ίλιντεν или Δημοκρατία της Ίλιντεν Μακεδονίας

Грчките медиуми ги преземаат информациите од македонските портали околу новиот предлог за името. Во грчка транскрипција и превод, првичните верзии се „Македониа ту Илинден“ (Μακεδονία του Ίλιντεν – Илинденска Македонија) или „Димократиа тис Илинден Македониас“ (Δημοκρατία της Ίλιντεν Μακεδονίας – Република Илинденска Македонија). Информациите се главно...

Во Охрид почнува работниот дел од дијалогот „Жан Моне“

Претставници на парламентарните партии во македонското Собрание денеска во Охрид ќе ги отпочнат разговорите во рамки на дијалогот „Жан Моне“ насловени како „Клучен принцип на консензус за обединет пристап кон Евро-атлантските интеграции за граѓаните на РМ и институционално јакнење на Собранието како демократски столб...

Ципрас: На чекор сме до договор, не чека тешка работа

Синоќа, во малку поопуштена атмосфера, по вечерата и речиси до утринските часови имавме многу суштински разговори и постигнавме суштински напредок. Требаше само да преспиеме и денеска да го потврдиме тоа што сме го договарале. Не чека тешка работа. Сè уште не сме во позиција...

Заев: Една од опциите е прифатливa за двете страни

Заедно со грчкиот премиер Алексис Ципрас разгледавме можни опции за креативни решенија кои македонската страна ги презентираше од последната фаза од преговорите. Следуваат консултации во двете земји со релевантните политички фактори. Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев по средбата со Ципрас во Софија која...

Заев се сретна со Ципрас, Макрон зборува за реформи, а потоа приклучување кон ЕУ

Во Софија, пред почетокот на самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан, во Националниот дворец на културата, се сретнаа премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Според тоа што го објавија од македонската влада, а и од објавите на официјалната Фејсбук-страница...

Договорoт за името, ако се постигне, ќе се потпише во Преспа

Двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас, денес ќе имаат тет-а-тет средба во Софија. И во двете земји постои воздржан оптимизам, па и владитe со последните изјави само ја нагласуваат важноста и неизвесноста на резултатот од средбата, но и најавуваат дека има уште време и...

Иванов ја предложил Анита Ангеловска – Бежоска за нов гувернер на Народна банка

Откако Димитар Богов ја повлече кандидатурата за гувернер, претседателот Ѓорге Иванов ја предложил вицегувернерката Анита Ангеловска - Бежоска за нов гувернер на Народната банка и предлогот го доставил до Собранието, потврдија од кабинетот на Иванов за МИА. Претседателот Иванов смета дека актуелната вицегувернерка, Анита Ангеловска-Бежоска,...

Богов ја повлече кандидатурата за гувернер на Народна банка

На четири дена од истекот на мандатот, гувернерот на Народна банка, Димитар Богов се повлекува од кандидатурата за втор мандат и за тоа веќе го известил претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој го предложи за нов гувренерски мандат. Во пишаната изјава за МИА, Богов посочува дека со...

Заев прифати ТВ дуел со Мицкоски

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, ја прифати поканата за ТВ дуел од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тоа го соопштија од Владата вчера, кратко време откако Мицкоски по седницата на Централниот комитет на партијата упати таков предизвик до Заев. – Премиерот Зоран Заев е...

Во Владата влегува и партијата на Амди Бајрам, ДПА се реши за Бардил Даути

Покрај ДПА и крилото на БЕСА предводено од Африм Гаши, постигнат е договор во Владата да влезе и партијата на Амди Бајрам, Сојузот на Ромите, потврди премиерот Зоран Заев. Партијата на Бајрам нема да добие министерско место, туку кадар од неговата партија ќе добие функција...

Владите на Груевски трошеле најмалку 1,73 милиони евра годишно за советници

Владата по вчерашните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ за годишни трошоци од најмалку половина милион евра за советници на премиерот Зоран Заев, излезе со пресметки, обинувајќи дека во текот на мандатите на Никола Груевски како премиер од 2010 до 2015 година, годишно се трошеле најмалку 1,73...

БПЦ одби да учествува на 1.000-годишнината на Охридската архиепископија

Бугарската православна црква (БПЦ) на вчерашната седница на Синодот категорично ја одби поканата од македонскиот архиепископ Стефан нејзини претставници да учествуваат во свеченоста за одбележување на 1.000-годишнината од создавањето на Охридската архиепископија, на 27 мај во Охрид. Предлогот да се одбие поканата бил на Русенскиот...

Заев: Не е можен исчекор во спорот за името до четврток

Премиерот Зоран Заев денеска порача оти пред четврток, кога во Софија ќе се најде со грчкиот колега Алексис Ципрас, не е можно да се постигне исчекор во процесот за решавање на спорот за името. - Се појавуваат информации дека е готово, сега на 17-ти сè...

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...