fbpx

Лидерска средба за името денеска во 13 часот

-

Премиерот Зоран Заев за денеска во 13 часот во Клубот на пратеници во Скопје најави дека ќе се одржи лидерска средба на која тој ќе информира за преговорите за спорот за името и неговата средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Софија.

На средбата, како што рече, очекува да се изгради консензус за ова прашање.

На средбата во Клубот на пратениците се поканети претседателот Иванов, претседателот на Собранието Џфаери, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски и претседателот на ДУИ Ахмети.

Премиерот Заев не сакаше да го коментира најновиот предлог за решавање на спорот за името, за да се даде шанса да успее преговарачкиот процес.

Присуството на средбата го потврди македонскиот претседател Ѓорге Иванов, од чиј кабинет вчера соопштија дека тој ја прифатил поканата на премиерот Зоран Заев за лидерската средба.

Иванов на средбата очекува да биде информиран за суштината и за деталите од разговорите во процесот за надминување на разликата околу името, истакнаа вчера од кабинетот на претседателот.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа во изјава за медиумите потврди дека ќе учествува на средбата и истакна оти ставот по однос на евентуален договор партијата ќе го каже по нејзиното завршување, откако ќе ги има сите информации.

Денеска и грчкиот премиер Алексис Ципрас во претседателската палата во Атина ќе го извести претседателот Прокопис Павлопулос за текот на преговорите околу името.

Последниот предлог за решавање на спорот за името е „Република Илинденска Македонија“, кој наводно бил прифатен и од грчкиот премиер Ципрас.

Средбата доаѓа по вчерашните разговори на Заев со неговиот грчки колега Алексис Ципрас во Софија, по која Заев изјави дека е утврдена една опција што е прифатлива за двете страни, но дека за неа прво треба да се консултираат со сите релевантни фактори во своите земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...