fbpx

Заев: Една од опциите е прифатливa за двете страни

-

Заедно со грчкиот премиер Алексис Ципрас разгледавме можни опции за креативни решенија кои македонската страна ги презентираше од последната фаза од преговорите. Следуваат консултации во двете земји со релевантните политички фактори.

Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев по средбата со Ципрас во Софија која траеше околу час и половина

. На новинарско прашање во однос на предложените креативните решенија, Заев дополни дека „една од опциите е прифатливa за двете страни“.

– Важно беше да ги потврдиме сите успеси кои министрите ги постигнаа, а се големи и значајни. Кога ќе го поминеме до крај целиот процес ќе видиме сите колку се значајни. Ние разговаравме и суштествено разгледувавме неколку опции. Една од опциите е прифатливa за двете страни. Продолжуваме дома со констултаци со институциите, и ако е возможно тоа, веројатно ќе имаме решение. После сето тоа што беше постигнато, потврдивме дека стоиме како премиери.  За тоа што беше останато разгледавме неколку опции и утврдивме една опција. Но мора да внимаваме како тоа ќе биде спроведено. Ќе разговараме со претседателите на државите и другите лидери, и со опозицијата – изјави Заев.

Заев рече дека денес пријателството помеѓу Македонија ни Грција е посилно.

– На денешниот состанок со премиерот на Грција, пријателот на Македонија, Алексис Ципрас, заеднички го констатиравме досегашниот напредок кој е постигнат во процесот на изнаоѓање на решение за спшорот околу името на нашата држава. Решаваме спор за да го засилиме достоинството и идентитето на граѓаните во двете земји. На овие теми разговарав и со претседателот на Франција, Емануел Макрон и со канцеларката Ангела Меркел – додаде тој.

Тој рече дека после сето она што било постигнато помеѓу двете држави, го констатирале и потврдиле и како премиери.

– Тоа што беше останато, го отворивме како прашање преку неколку опции и утвдивме една опција која може да биде прифатлива за двете страни. Мора да внимаваме како тоа институционално ќе биде спроведено. Мора да разговараме со претседателите на двете држави со другите лидери, со шефовите на опозициите. Остануваме во делот на идните детали околу оваа работа – дополни Заев.

На новинарско прашање за можно одложување на решението, тој рече дека ако нема решение ќе биде одложено.

– Јас реков дека ние изградивме пријателство кое е неповратно и тоа пријателство ќе расте. Би било убаво тоа решение, кое би сакале од двете страни да биде прифатливо, да биде уште сега. Затоа што знаете дека крајот на јуни имаме Европски совет и решението би било дополнително охрабрување за советот. Во јули има НАТО самит,  и убаво е тоа и таму да се констатира.  Ако не е возможно, ќе продолжиме во барањето на решение се додека не се договориме. Вредно е да продолжиме затоа што многу е решено и на крајот имаме и опција која би можела да биде прифатена од двете страни, имајќи ги предвид аспирациите на двете страни. Ако тоа во земјите внатрешно биде соодветно потврдено и прифатено, би било и официјализирано – додаде Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...