Таг: УНИЦЕФ
таг: УНИЦЕФ
УНИЦЕФ за резултатите од ПИСА: Кризата во учењето е резултат на децениското несоодветно решавање на клучните предизвици
По разочарувачките резултати за македонските ученици на ПИСА тестирањето, претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ДиЏовани, вели дека државата треба да е сериозно загрижена за уназадувањето кај учениците во читањето, математиката и природните науки.
„Сите во земјата треба да бидеме сериозно загрижени за овие резултати. Кризата во учењето е резултат на децениското несоодветно решавање на клучните структурни предизвици, недостатокот од...
Децата го презедоа Собранието по повод Светскиот ден на детето
На Светскиот ден на детето, УНИЦЕФ и Собранието на Северна Македонија организираа настан насловен “Децата го преземаат Собранието“ на кој децата и младите пред народните избраници ги претставија своите најгорливи прашања, потреби и гледишта, информираат од УНИЦЕФ.
Над 50 деца и млади на возраст од 14 до 19 години од целата земја го презедоа водењето на собраниската седница на која...
Вакцинацијата не е мисија наменета против граѓаните над 65 години и против децата
Објавата изобилува со манипулативни антивакцинални наративи, со цел да се исплашат граѓаните да не се вакцинираат. Вакцините не се оружје против возрасните граѓани над 65 години и децата, туку најголема медицинска придобивка на современата медицина, а овие две категории граѓани се ранливи групи и затоа фокусот на Министерството за здравство е на нив. Вакцините се безбедни и во државата...
Дезинформациите во здравството можат да нè чинат животи, вакцините се најдобра заштита од заразни болести
Лажни вести и дезинформации има во секој сегмент од општеството, но дезинформациите кога е во прашање здравството можат да бидат опасни по живот. Оттаму, неопходно е да се подигне нивото на здравствена едукација кај популацијата и да се знае дека многу болести се превенираат токму поради вакцинацијата.
Ова се заклучоците од денешниот брифинг со новинарите на тема „Редовна вакцинација на...
УНИЦЕФ: Образованието е клучен фактор за прекинување на меѓугенерацискиот циклус на сиромаштија
Неодамнешното истражување на УНИЦЕФ за мултидимензионалната сиромаштија покажува дека образованието е клучен фактор за прекинување на меѓугенерацискиот циклус на сиромаштија. Има и поголем процент на деца засегнати од мултидимензионалната сиромаштија во домаќинствата каде возрасните лица имаат пониско образование, со што се продолжува циклусот на сиромаштија.
На Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, УНИЦЕФ организира консултации со претставници од секторите за...
Дискусии за младите и менталното здравје во повеќе градови во државата
УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика, со посета на повеќе градови во земјата ќе отворат дискусија со децата и младите за менталното здравје за да се намали стигмата поврзана со менталното здравје. Караванот започнува денеска од Струмица и Валандово, a во текот на следните седмици ќе продолжи во Пробиштип, Кратово, Штип, Кочани, Тетово, Гостивар, Виница, Блатец, Прилеп,...
УНИЦЕФ: Над 5.800 деца и тинејџери од Европа и Централна Азија починале од загаден воздух
Над 5.800 деца и тинејџери во регионот на Европа и Централна Азија починале поради причини поврзани со загадениот воздух во текот на 2019 година. Според новата анализа на податоци што ја објави УНИЦЕФ, најголемиот број, односно, 85 проценти, починале пред својот прв роденден.
Во Почетоци без здив: Алармантни ефекти од загадениот воздух врз децата во Европа и Централна Азија се...
Направен уште еден чекор за гарантирање на правото на децата на здрава животна средина
Комитетот за правата на детето на Обединетите нации денеска експлицитно го потврди правото на децата на чиста, здрава и одржлива животна средина, издавајќи сеопфатно толкување на обврските на земјите-членки според Конвенцијата на ОН за правата на детето.
Овој општ коментар треба да послужи како потсетник за да ги одржиме напорите за климатска акција, притоа разбирајќи дека оваа акција е од...
Повеќе од 1.300 училишта се уништени од почетокот на руската инвазија врз Украина
УНИЦЕФ соопшти дека повеќе од 1.300 училишта се целосно уништени во областите под контрола на Владата во Украина, во руската инвазија која започна во 2022 година, пренесе Гардијан.
Заради постојаните напади, само околу една третина од децата на училишна возраст таму посетуваат настава, а многумина го забораваат она што го учат.
Надвор од границите на Украина, повеќе од половина од децата...
МОН: Континуирани обуки за јакнење на психосоцијалната поддршка во училиштата
Клучен фактор за обезбедување квалитетен пристап на стручните соработници во работата со учениците и унапредувањето на нивното ментално здравје и благосостојбата е нивната обука, велат од Министерството за образование и наука (МОН).
Во мај оваа година, МОН и УНИЦЕФ организираа осум регионални работилници за јакнење на вештините на стручните соработници за ефикасно справување со различниот опсег на предизвици поврзани со...
УНИЦЕФ: Дебелината, невакцинирањето, пост-ковид кризата се пречки за соодветен развој на децата
И покрај тоа што помалку деца умираат денес отколку пред 30 години, земјата сѐ уште има висока перинатална стапка на смртност во споредба со земјите-членки на ЕУ и членките на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа. Поради дезинформации, децата испуштаат шанса да примат вакцини кои спасуваат живот. Освен тоа, дебелината кај децата зема замав, со што цели генерации се во...
За поквалитетно образование требаат повеќе финансии и реорганизација на мрежата на училишта
Со зголемување на ресурсите и реорганизација на мрежата на основни училишта може да се подобри квалитетот на образованието. Ова беше главниот заклучок на денешниот меѓународен форум, на кој учествуваа креатори на политики, експерти и практичари кои дискутираа за извлечените поуки и клучните фактори на успех од реорганизацијата на училишната мрежа во европските земји, информираат од УНИЦЕФ.
Денешниот форум го организираа...
Кампања на УНИЦЕФ против говорот на омраза и кибер-булингот
По повод Меѓународниот ден за борба против говорот на омраза, УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија започнаа нова кампања на социјалните медиуми против кибер-булингот и онлајн говорот на омраза, која беше создадена заедно со деца и млади лица. Под слоганот „За булингот крај, бај-бај“, кампањата вклучува над дваесет видеа за социјалните медиуми.
„Некои вклучуваат пораки како „Зборовите имаат тежина, затоа...
Министерството за труд и социјала и УНИЦЕФ со кампања за зголемување на бројот на згрижувачки семејства
Нова кампања насочена кон мобилизирање на нови згрижувачки семејства, со фокус на семејства кои можат да обезбедат специјализирана грижа за деца под специфичен ризик промовираа денеска Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и УНИЦЕФ.
Министерката Јованка Тренчевска рече дека во последниве неколку години во земјава интензивно се работи на развивање на формата сместување во згрижувачко семејство како вонинституционална форма.
Таа...
Претставени првите пронајдоци во новата лабораторија за биотехнологии
Над 30 учесници на првиот Експо ден во СУГС „Марија Кири - Склодовска“ – Скопје ги претставија пронајдоците направени во првата биотехнолошка лабораторија во земјата подржана од УНДП, УНИЦЕФ и Град Скопје.
На настанот, на кој присуствуваше заменичката на регионалната директорка на УНДП, Марина Валтер, постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија, Армен Григорјан и претставници на Град Скопје беа...
Потребни се други мерки за превенција, а не кривична одговорност за деца под 14 години, тврдат експертите
Дали треба да се намали возрасната граница и дали и деца под 14 години треба да подлежат на кривична одговорност е прашањето по кое се отвори дебата во јавноста, откако во Србија 13-годишниот К.К. уби девет луѓе и повреди уште седум во ОУ „Владислав Рибникар“. Тој ќе полни 14 години во јули годинава, што значи дека само поради тие...
МОН и УНИЦЕФ ќе спроведуваат акции против врсничкото насилство
Министерството за образование и наука (МОН) и Фондот на организацијата на обединетите нации за децата (УНИЦЕФ) ќе работат заедно за подобрување на безбедноста во училиштата и намалување на врсничкото насилство.
На денешната работна средба на која присуствуваа министерот за образование и наука Јетон Шаќири, претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ДиЏовани и претставници од Бирото за развој на образованието,...
УНИЦЕФ: Зголемена е анксиозноста кај децата, психолозите и педагозите да им помогнат
Анксиозност и страв чувствуваат сè поголем број ученици. Затоа УНИЦЕФ заедно со претставници од Министерството за образование и наука (МОН) и Бирото за развој на образованието (БРО), денеска се сретнаа со тим од професионалци и експерти за ментално здравје за да разговараат за итни активности кои ќе обезбедат дополнителна поддршка на децата во последните шест недели од оваа учебна...
Средношколци добија капитал за да спроведат решенија за заштита на животната средина
Во рамките на програмата Апшифт (UPSHIFT), шест групи ученици од средните училишта добија по 120.000 денари за да ги остварат своите дигитални решенија за подобрување и заштита на водата, воздухот, почвата и енергетските ресурси во заедницата и справување со последиците од климатските промени, информираат од УНИЦЕФ.
Младите иноватори беа избрани на тридневна работилница во рамките на програмата „Апшифт“ UPSHIFT), на...
Секој трет адолесцент има депресија, младите се борат во тишина поради стигмата
Секој трет адолесцент изјавил дека има симптоми на депресија. Многу поголема е веројатноста девојчињата да пријават симптоми на депресија во споредба со момчињата – дури шестпати повеќе. Околу 42 отсто од адолесцентите пријавиле дека доживеале умерени до сериозни симптоми на анксиозност, а пројавиле и повисок интензитет на суицидални мисли како последица на депресијата и стравот од ковид-19.
Ова го покажало...