fbpx

Министерството за труд и социјала и УНИЦЕФ со кампања за зголемување на бројот на згрижувачки семејства

Тренчевска рече дека во последниве неколку години во земјава интензивно се работи на развивање на формата сместување во згрижувачко семејство како вонинституционална форма

-

Нова кампања насочена кон мобилизирање на нови згрижувачки семејства, со фокус на семејства кои можат да обезбедат специјализирана грижа за деца под специфичен ризик промовираа денеска Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и УНИЦЕФ.

Министерката Јованка Тренчевска рече дека во последниве неколку години во земјава интензивно се работи на развивање на формата сместување во згрижувачко семејство како вонинституционална форма.

Таа зборуваше за важноста од поддршката на згрижувачките семејства и истакна дека со реформата на системот за социјална заштита за првпат се предвидени центри за поддршка на згрижувачки семејства кои треба да вршат промоција на услугата згрижување, подготовка, проценка и обука на идни згрижувачки.

„Во 2018 година УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика спроведоа кампања на национално ниво наменета за мобилизирање на нови згрижувачки семејства и подигање на свеста за нивната важност. Кампањата допре до 1 милион луѓе. Со ваков достигнат успех денеска сум горда што ја промовираме новата комуникациска кампања за згрижувачки семејства со фокус на итни и специјализирани згрижувачки семејства“, истакна министерката Тренчевска.

Од МТСП информираа дека во моментов во Северна Македонија има 360 згрижувачки семејства, во кои се згрижени 608 деца. Според Тренчевска, спроведувањето на ваквите кампањи треба да придонесе кон зголемување на бројот на згрижувачки семејства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...