fbpx

Фајненс Тинк: Поради кризата, дополнителни 5 илјади деца живеат под прагот на сиромаштија

Во 2022 година дополнителни 13.000 лица, од кои 5.000 деца, во државава, се под прагот на сиромаштијата како резултат на ефектот од кризата, покажува студијата „Ефектите на кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Северна Македонија“

-

Во минатата година дополнителни 13.000 лица, од кои 5.000 деца, во државава, се под прагот на сиромаштијата како резултат на ефектот од кризата, покажува студијата „Ефектите на кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Северна Македонија“.

Студијата, која беше презентирана денеска, е изработена од Институтот за истражување и економски политики Фајненс Тинк, во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Според Марјан Петрески од Институтот Фајненс Тинк, овие податоци значат дека ефектот од кризата е посилен врз децата, отколку врз другите популациски групи.

„Во студијата идентификуваме дека децата се дополнително ранливи кога се наоѓаат во домаќинства со повеќе од три деца и каде што нивото на образование на родителите е пониско. Ова е битно за да може соодветно да се таргетираат интервенциите на политиките’, изјави Петрески коментирајќи ги наодите од студијата.

Според него, кризата не е завршена и ќе биде присутна и во текот на годината, но можно е да се намали нејзиниот интензитет.

„Проценуваме дека ефектот од кризата продолжува, таа не е завршена, ќе биде присутна во текот на годинава, но интензитетот се намалува како резултат на благата стабилизација во сегментот на цените и одредено компензирање што ќе го направи порастот на номиналниот доход, согласно најавите за пораст на минималната плата, усогласувањето на пензиите, социјалната помош…“, рече Петрески.

Министерот за економија Крешник Бектеши кој присуствуваше на настанот, најави  дека ќе се донесат неколку административни одлуки за да се заштитат најранливите категории граѓани, а од март ќе се зголеми и минималната плата.

„Ќе се зголемат линеарно и платите во администрацијата што ќе следи со зголемување на платите и во приватниот сектор, но, за жал, ќе се донесат и неколку административни одлуки за да се заштитат тие што се најранливи. Има дополнителна можност со новата одлука од 1 јули да се помогнат пензионерите и тие што се невработени, има можност да се врати дневната евитната тарифа на електрична енергија што ќе биде дополнитлена можност за тие што се дома во тој период од денот и на индиректен начин да бидат поддржани, рече Бектеши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...