fbpx

Во Источна Украина за едно деноноќие имало над 60 напади од руска страна

Руските трупи утринава го гранатирале градот Керсон, а имало и цивилни жртви. Ова на својот канал на Телеграм го објавил шефот на кабинетот на претседателот, Андриј Јермак

-

Руските трупи ги фокусираат напорите на изведување офанзивни дејства во Купијанск, Лиман, Бахмут, Авдиивка и Шахтарск, пренесува Асошиејтед Прес, во однос на најновите случувања од руската инвазија врз Украина.

„Во текот на изминатиот ден, нашите бранители спречија над 60 непријателски напади во овие правци. Во меѓувреме, непријателот изврши осум ракетни напади и 32 воздушни напади, а 85 пати отвори оган со повеќекратни ракетни системи за лансирање (MLRS). Заканата од понатамошни ракетни напади е присутна низ цела Украина“, се наведува во извештајот на Генералштабот на вооружените сили на Украина на Фејсбук, како што јавил дописникот на Укринформ.

Според Укринформ, руските трупи утринава го гранатирале градот Херсон, а имало и цивилни жртви. Ова на својот канал на Телеграм го објавил шефот на кабинетот на претседателот, Андриј Јермак.

„Русите повторно го гранатираа Херсон. При гранатирањето е уништена приватна станбена зграда. Една жена е повредена, а едно лице загинало“, напишал тој.

Украинската војска во изминатите 24 часа уништила 11 беспилотни летала Шахед-136 од иранско производство и едно беспилотно летало Зала (UAV).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.