Во 21 средно и во 18 основни училишта денеска стасала дојава за бомба

Како што информира Министерството за внатрешни работи, објектите се евакуирани и во тек се антитерористички проверки

Фото: Архива на Мета.мк

Нови дојави за поставена експлозивна направа денеска стасала во 21 училиште за средно образование и во 18 основни училишта во Скопје. Како што информира Министерството за внатрешни работи, објектите се евакуирани и во тек се антитерористички проверки.

Mета вчера пишуваше дека средношколците, посебно оние кои доаѓаат од подалеку, повеќе време поминуваат во автобус одошто во училишна клупа. Во последниот период, дојавите најчесто стасуваат околу 9 односно 10 часот изутрина. Со насока на одговорните во Министерството за образование и наука (МОН), по секоја добиена дојава ученците треба да појдат дома и оттаму да продолжат да следат онлајн настава.