Повеќе од 1.300 училишта се уништени од почетокот на руската инвазија врз Украина

Повеќе од половина од децата чии семејства побегнале од воениот конфликт во седум земји, не се запишани во тамошното национално образование, а причина за тоа се јазичните бариери и преоптоварените образовни системи  

-

УНИЦЕФ соопшти дека повеќе од 1.300 училишта се целосно уништени во областите под контрола на Владата во Украина, во руската инвазија која започна во 2022 година, пренесе Гардијан.

Заради постојаните напади, само околу една третина од децата на училишна возраст таму посетуваат настава, а многумина го забораваат она што го учат.

Надвор од границите на Украина, повеќе од половина од децата чии семејства побегнале од воениот конфликт во седум земји, не се запишани во тамошното национално образование, а причина за тоа се јазичните бариери и преоптоварените образовни системи.

Во меѓувреме, Украина денеска соопшти дека нејзините сили навлегле подлабоко во руските одбранбени линии во близина на селото Роботин, еден ден откако ја презедоа контрола над селото на јужниот фронт.

Инаку, Гардијан исто така пренесува и дека руската противвоздушна одбрана наводно соборила украински беспилотни летала над регионите Тула и Белгород, но нема информации за жртви или повредени.

САД пак ја обвинија Москва за обид да ги заплаши и малтретира американските вработени, откако руските државни медиуми објавија дека поранешен вработен во американскиот конзулат во Русија бил обвинет за собирање информации за војната во Украина и други прашања за Вашингтон.

Оддржан онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на РСМ и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење на поддршката...

Маржата за трговија на мало и големо се ограничува на 10 проценти до крајот на април

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на ограничувањето на маржите и колкаво намалување на цените се очекува од таа мерка, изјави: „Па очекувам. Во текот на...

Интерпелацијата за членови на Судскиот совет наспроти Законот за СС

Краток преглед на Деловникот на Собранието и Законот за Судски совет покажува дека не постои поврзаност помеѓу интерпелацијата што ја поднесоа пратениците на владејачките партии во Собранието и законските можности, бидејќи...

ЗНМ и ССНМ најостро ги осудуваат кампањите за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро ја осудува тековната кампања за оцрнување насочена кон независните и критички настроени медиуми. Оваа кампања...

Оддржан онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на РСМ и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење...