Таг: УНИЦЕФ
таг: УНИЦЕФ
Бесими се сретна со регионалниот директор на УНИЦЕФ
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, се сретна со Мари Пјер Поарие, регионален директор на УНИЦЕФ за Источна и за Централна Европа и за Заедницата на Независни Држави, со која разговарал за мерките и за активностите што се преземаат во Македонија, во насока на справување со бегалската и мигранската криза.
„Вицепремиерот Бесими за време на разговорот истакна дека Македонија прави...
Орландо Блум ги посети бегалците во Гевгелија
Познатиот актер Орландо Блум утрово пристигна во прифатниот камп за бегалци во Гевгелија. Тој разговараше со дел од мигрантите и се интересираше за нивниот пат, за проблемите во нивните татковини, а особено за децата што минуваат илјадници километри за да стигнат до Западна Европа.
За време на неговиот престој во кампот, актерот испрати и еден од специјалните возови со мигранти и со...
УНИЦЕФ: Да се заштитат децата-мигранти
„Трогателни слики од детски тела исфрлени на бреговите на Европа, тела кои лежат задушени во задниот дел од камионите што ги минуваат границите, тела прегазени од очајните родители преку огради од бодликава жица... Со продлабочувањето на мигрантско-бегалската криза во Европа, ова нема да бидат последните шокантни слики што се шират низ светот преку социјалните медиуми, на нашите телевизиски екрани...
Секоја осма мигрантка што влегува во Македонија е трудна
Агенцијата на ОН за деца (УНИЦЕФ) денеска соопшти дека во последните три месеци тројно е зголемен бројот на жените и на децата меѓу бегалците што минуваат низ Македонија кон Западна Европа.
Како што се наведува во соопштението објавено во Женева, околу 3.000 лица дневно минуваат низ земјава, а секоја осма жена е трудна.
Според податоците на УНИЦЕФ, четири од пет бегалци доаѓаат...
УНИЦЕФ: Децата-мигранти мора да добијат посебна грижа и внимание
„УНИЦЕФ формираше простор прилагоден за деца опслужуван од мобилна екипа во близина на Гевгелија, кај границата со Грција, со цел да понуди помош и поддршка за жените и децата што мигрираат низ Македонија“, информираат од УНИЦЕФ.
„Просторот прилагоден за деца е формиран во рамките на објектите поставени од страна на УНХЦР за привремен одмор на мигрантите. Мобилна екипа од локалната...
Меси донираше 450.000 евра во УНИЦЕФ
Аргетинскиот репрезентативец и фудбалер на „Барселона“, Лионер Меси, во рамки на кампањата „Сонце за децата“, донираше 4,5 милиони аргентински песоси, или околу 450.000 евра во УНИЦЕФ.
Меси, кој е амбасадор на УНИЦЕФ, преку видеопорака порача дека му претставува задоволство да работи со луѓето од оваа хуманитарна организација.
https://www.youtube.com/watch?v=YkoC_YNk-I4
УНИЦЕФ: Милиони деца сè уште живеат во сиромаштија
Поради нееднаквите можности и покрај значителните достигнувања, милиони деца сè уште живеат во сиромаштија, умираат пред да наполнат пет години, не посетуваат училиште и страдаат од хронична неисхранетост, се вели во најновиот извештај на УНИЦЕФ, „Напредок за децата“.
- Животот и иднината на најобесправените деца се важни – не само за нив, туку и за нивните семејства, заедници и општества...
Отворен центар за ран детски развој во Шипковица
Тетовското село Шипковица денеска доби нов центар за ран детски развој, кој е отворен како дел од иницијативата „Првите 5 се најважни”. Проектот има цел да овозможи уште во најраната возраст децата да добијат образовна програма за ран детски развој во нивната заедница.
Центарот, кој ќе по посетуваат околу 60 деца на возраст од три до шест години од селото Шипковица, го...
На Ирак му се потребни 500 милиони долари за хуманитарни акции
Хуманитарните организации побараа да се соберат 500 милиони долари за Ирак, соопшти денеска УНИЦЕФ, во пресрет на меѓународниот состанок во Париз посветен на ситуацијата во Ирак и во Сирија.
- Хуманитарната ситуација во Ирак се приближува до катастрофа! Итно ни се потребни дополнителни средства за да продолжиме да работиме во земјата – рече претставникот на УНИЦЕФ во Ирак, Филип Хефлинк.
Според податоците...