fbpx

УНИЦЕФ: Милиони деца сè уште живеат во сиромаштија

-

Поради нееднаквите можности и покрај значителните достигнувања, милиони деца сè уште живеат во сиромаштија, умираат пред да наполнат пет години, не посетуваат училиште и страдаат од хронична неисхранетост, се вели во најновиот извештај на УНИЦЕФ, „Напредок за децата“.

– Животот и иднината на најобесправените деца се важни – не само за нив, туку и за нивните семејства, заедници и општества – рече извршниот директор на УНИЦЕФ, Ентони Лејк.

Заради диспаритетите во земјите, кај децата од најсиромашните домаќинства постои двапати поголема веројатност да починат пред нивниот петти роденден и кај нив е многу помалку веројатно дека ќе ги постигнат минималните стандарди за читање во споредба со децата од најбогатите домаќинства.

Според извештајот, процените кажуваат дека до 2030 година уште 68 милиони деца помлади од пет години ќе починат од болести што може да се спречат, дека 119 милиони деца сè уште ќе бидат хронично неисхранети. Извештајот наведува и дека ќе бидат потребни речиси 100 години за сите девојчиња од најсиромашните семејства на Супсахарска Африка да завршат средно образование.

Исто така, извештајот ги нагласува и лошите вести: Напредок сè уште не е постигнат за околу 6 милиони деца кои умираат секоја година пред нивниот петти роденден, 289,000 жени кои умираат секоја година на породување и за 58 милиони деца кои не посетуваат основно училиште.

– Целите за одржлив развој претставуваат можност да се применат лекциите што ги научивме и да се опфатат децата кои имаат најголеми потреби и ќе треба да се засрамиме ако не го направиме тоа. Поголема правичност во можностите за денешните деца значи помала неправичност и поголем напредок на глобален план утре – додаде Лејк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...