fbpx

Отворен центар за ран детски развој во Шипковица

-

Тетовското село Шипковица денеска доби нов центар за ран детски развој, кој е отворен како дел од иницијативата „Првите 5 се најважни”. Проектот има цел да овозможи уште во најраната возраст децата да добијат образовна програма за ран детски развој во нивната заедница.

Центарот, кој ќе по посетуваат околу 60 деца на возраст од три до шест години од селото Шипковица, го отворија градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, и претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, Бертран Демулен.

– Пред некое време го отворивме центарот во Селце, денеска го отвораме во Шипковица, а планираме да отвориме уште неколку нови центри во општина Тетово. Центарот беше отворен со придонес од основното училиште и од локалната НВО – Женски форум – рече Теута Арифи. Градоначалничката, меѓутоа, додаде дека Општината ќе мора да ја обезбеди одржливостана центарот.

– Во земјата постои јасна и силна посветеност да се обезбедат можности децата да посетуваат квалитетно рано детско образование. Но, имајќи предвид дека едно од три деца посетува предучилишно образование, потребно е да се направат многу повеќе заложби – рече Демулен.

Во светот многу земји инвестираат за да се зголеми пристапот до предучилишно образование. Европската унија е меѓу оние кои признаваат дека раното детско образование може да ја даде основата за понатамошен успех во животот во однос на образованието, благосостојбата, можностите за вработување и социјалната интеграција, особено за сиромашните деца.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...