fbpx
Таг: Твитер

таг: Твитер

Отпуштените од персоналот за хигиена во Твитер биле „третирани како ѓубре“

Во разговор со Би-Би-Си, четворица чистачи кои работеле во седиштето на Твитер во Сан Франциско велат дека биле отпушени без отпремнина од компанијата. Според еден од нив, член на тимот на Илон Маск, извршниот директор на Твитер, рекол дека нивните досегашни работни места ќе бидат заменети од роботи. Сенатор од сојузната држава Калифорнија во САД изјави дека Илон Маск поранешните...

ЕУ ќе спроведе „стрес тест“ во седиштето на Твитер

Висок функционер на Европската унија во средата го предупреди сопственикот на Твитер, Илон Маск, дека платформата за социјални медиуми мора да преземе значителни чекори за усогласување со законите на ЕУ за умереност на содржината и дека европските претставници внимателно ќе го следат усогласувањето, пренесе Си-Ен-Ен. Твитер има „огромна работа“ за да ги исполни своите обврски според Законот за дигитални услуги,...

Твитер под раководство на Маск ја прекина политиката за дезинформации за ковид-19

Твитер соопшти дека повеќе нема да ја спроведува својата политика против дезинформации поврзани со ковид-19, предизвикувајќи загриженост меѓу здравствените експерти дека промената би можела да има сериозни последици доколку ја обесхрабри вакцинацијата и другите напори за борба против вирусот кој сè уште се шири. Според интернет-страницата на компанијата, Твитер престанала да презема мерки против твитовите кои ги прекршуваат нејзините ковид-правила...

Најбогатиот човек против највредната компанија: Илон Маск започна вербална војна со „Епл“

Во серија твитови, сопственикот на Твитер, Илон Маск, ја обвини компанијата „Епл“ дека се заканува оти ќе го отстрани Твитер од својата продавница за апликации, што би ги ограничило новите корисници да ја преземат апликацијата од „Еп Стор“. Ваквата акција би била еднаква на цензура, напиша Маск, без објаснување зошто Твитер би бил блокиран. Маск додаде и дека „Епл“ ги...

Митови и дезинформации за сеопфатното сексуално образование во новата епизода на „Шорткат“

Во новата епизода на емисијата „Шорткат“ која ќе се емитува вечерва со почеток во 19 часот ќе прикажеме дел од рубриката „Зошто (не) е така?“ во која тема е сеопфатното сексуално образование. За најраспространетите дезинформации и митови за сексуалното образование во училиштата зборуваат Катерина Иванова од ХЕРА, психологот Радмила Живановиќ и новинарката и активистка Рита Бехадини. Дел од другите содржини...

МСНБЦ: Илон Маск го гледа Твитер како политичко оружје

Најбогатиот човек на светот Илон Маск, како нов сопственик и нов главен извршен директор на социјалната мрежа Твитер го користи овој сервис како политичко оружје, оти зад невидениот хаос што го зафати Твитер, има знаци на намера, коментира МСНБЦ. Како што пишува Зишан Алим, колумнист на оваа медиумска мрежа, по реактивирањето на Твитер профилот на поранешниот претседател на САД, Доналд...

Наплив на дезинформации од „верификувани“ анти-ваксерски профили на Твитер

Откако социјалната мрежа Твитер, среде многуте контроверзи и проблеми воведе систем за верификување на профилите со плаќање и отпушти илјадници модератори на содржини, профилите што објавуваа здравствени дезинформации и полувистини почнаа да ги „испорачуваат“ своите статуси на публика побројна отколку досега, пишува британскиот весник „Гардијан“. Со новите политики воведени од новиот сопственик Илон Маск, дузина профили на антиваксери (противници на...

Маск го врати суспендираниот Твитер-налог на Трамп

Твитер-налогот на Доналд Трамп, поранешниот претседател на САД, којшто беше суспендиран откако неговите приврзаници на 6 јануари минатата година го нападнаа Капитолот во исчекување на прогласувањето на Џо Бајден, противкандидатот на Трамп за победник на претседателските избори, е вратен. Ова е дело на новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, кој е најбогатиот човек на светот. Тој ја поништи забраната за...

Маск преку онлајн анкета прашува дали Трамп да се врати на Твитер, гласаат по еден милион профили на час

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, кој неодамна ја купи една од најкористените социјални мрежи, Твитер, објави онлајн анкета на која бара корисниците на оваа мрежа сами да одлучат дали да го реактивира профилот на поранешниот претседател Доналд Трамп. По шест часа откако ја објави анкетата, Маск напиша дека гласале по околу 1 милион Твитер профили на час. Trump poll getting...

Стотици вработени во Твитер дале отказ, компанијата ги затвори канцелариите

Твитер им соопштил на вработените дека деловните згради на компанијата ќе бидат привремено затворени сè до понеделник, 21 ноември, кога повторно ќе ги отворат своите врати за вработените, без да ја наведе причината за овој потег. Би-би-си пишува дека најавата доаѓа во време на извештаите дека голем број на вработени дале отказ откако новиот сопственик Илон Маск ги повикал да...

Паузирана платената верификација на Твитер по појавата на бројни измамнички профили

Премиум услугата на Твитер наречена „Blue“, со која се доделуваа сини беџови за потврда на идентитетот на секој што е спремен да плати 8 долари месечно, стана недостапна во петокот откако платформата беше преплавена од голем број измамнички профили одобрени од Твитер. Гардијан пишува дека последниот потег претставува хаотичен почеток за новата претплатничка услуга, која беше една од првите големи...

Илон Маск не ја исклучува можноста Твитер да банкротира

Федералната трговска комисија на САД вели дека ги следи настаните во Твитер со „длабока загриженост“, откако највисоките службеници за приватност и усогласеност на платформата дале отказ. „Гардијан“ пишува дека заминувањата на директорите се случија истиот ден кога Илон Маск, новиот сопственик на Твитер, во своето прво обраќање до вработените рече дека не е исклучена можноста од банкрот. Компанијата за социјални мрежи...

Нова епизода на „Шорткат“: Расте интересот кај младите да бидат оџачари

Расте интересот кај младите за да бидат оџачари. Како изгледа чистењето оџаци на терен и какво е искуството што го стекнуваат учениците преку неформалното образование дознаваме во новата епизода на „Шорткат“, каде, покрај учениците кои се дел од обуките, зборува и единствената дипломирана оџачарка во земјава – професорката Јасмина Атанасова Симјановска и претседателот на Оџачарската комора во Баварија, Германија,...

Твитер ќе ги забрани имитаторите, вели Илон Маск откако корисниците почнаа да го имитираат него

Новиот извршен директор на Твитер, Илон Маск изјави дека секој кој во своето име на оваа социјална мрежа ќе вклучува имитација на друго лице без јасно да наведе дека станува збор за пародија, ќе биде трајно суспендиран. Ова предупредување милијардерот го упати откако некои познати личности ги сменија нивните имиња на платформата, претставувајќи се како „Илон Маск“, пишува „Гардијан“. „Претходно...

Не е вистина дека Трамп се вратил на Твитер и му заблагодарил на Маск

Во постот се вели дека Трамп се вратил на Твитер и за тоа му се заблагодарил на новиот сопственик на социјалната мрежа Илон Маск. Притоа, на самата објава прикачена е фотографија која преставува исечок од наводниот твит на Трамп во кој тој изразува благодарност до Маск. Ова не е вистина.  Твитот којшто е објавен на фотографијата не е навистина...

Бајден: Илон Маск купи платформа која шири лаги низ целиот свет

Претседателот на САД Џо Бајден го критикуваше новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, велејќи дека купил платформа за социјални медиуми која шири лаги низ целиот свет. „Илон Маск се појавува и купува платформа што шири лаги низ целиот свет“, рече претседателот Бајден на хуманитарен настан во петокот. Забелешките на Бајден следуваа по веста дека Твитер отпуштил илјадници вработени на компанијата, заради...

Поранешни вработени го тужат Твитер поради масовните отпуштања на Илон Маск

Поранешни вработени во Твитер поднеле колективна тужба против компанијата поради масовните отпуштања поттикнати од новиот сопственик на платформата, Илон Маск, јави „Врџ“. Во тужбата се наведува дека на работниците не им биле дадени доволно информации околу нивното отпуштање, повикувајќи се на федералниот Закон за известување за прилагодување и преквалификација на работниците, во САД познат и како „WARN“. Овој закон бара...

Младинскиот еко-активизам главна тема во новата епизода на „Шорткат“

Како младите можат да се вклучат во креирањето на решенија за одржливо и зелено општество и како да учествуваат во донесувањето на одлуки важни за нивната иднина погледнете во новата епзиода на емисијата „Шорткат“, во која главна тема е еко-активизмот. Покрај ова, во 59-тото издание на вестите за млади информираме за случувањата околу лажните пријави за бомби, како и за...

Маск најави претплата за Твитер од 8 долари месечно

Новиот шеф на Твитер, Илон Маск се обидува да ги зголеми претплатите и да ја направи мрежата на социјалните медиуми помалку зависна од реклами. Твитер ќе наплаќа по 8 долари месечно за својата услуга Blue, која го вклучува и нејзиниот син беџ. „Сегашниот систем на господари и селани на Твитер за тоа кој има син беџ и оние кои немаат...

Брисел со предупредување до Маск: Твитер птицата ќе лета според правилата на ЕУ

Европската комисија го потсети Илон Маск дека мора да ги следи правилата на Европската унија, по информацијата дека тој ја презема контролата врз Твитер, пренесе „Јуроњуз“. „Во Европа, птицата ќе лета според нашите правила“, напиша на Твитер еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон, откако неколку часа претходно Маск објави дека „птицата е ослободена“, алудирајќи на логото на Твитер. https://twitter.com/ThierryBreton/status/1585902196864045056?s=20&t=YxW6n--dcuJhOcaY16LWQQ Бретон на објавата...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...