fbpx
Таг: Твитер

таг: Твитер

Брисел со предупредување до Маск: Твитер птицата ќе лета според правилата на ЕУ

Европската комисија го потсети Илон Маск дека мора да ги следи правилата на Европската унија, по информацијата дека тој ја презема контролата врз Твитер, пренесе „Јуроњуз“. „Во Европа, птицата ќе лета според нашите правила“, напиша на Твитер еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон, откако неколку часа претходно Маск објави дека „птицата е ослободена“, алудирајќи на логото на Твитер. https://twitter.com/ThierryBreton/status/1585902196864045056?s=20&t=YxW6n--dcuJhOcaY16LWQQ Бретон на објавата...

Илон Маск го купи Твитер за 44 милијарди американски долари

Elon Musk
Илон Маск, најбогатиот човек на светот, го купи Твитер и ја додаде компанијата во својата деловна империја по неколкумесечни правни препукувања, пренесе „Врџ“. Според медиумот, преземањето на Твитер Маск го прославил со отпуштање на директорите. Тој ги отпуштил Параг Агравал, кој го наследи Џек Дорси на местото извршен директор на Твитер, како и главниот финансиски директор Нед Сегал. Сменет бил...

Со мијалник во рацете, Илон Маск влезе во седиштето на Твитер

Elon Musk
Американскиот милијардер Илон Маск објави видео на кое се гледа како влегува во седиштето на Твитер носејќи мијалник во рацете, со што ги зголеми шпекулациите за судбината на плановите за преземање на компанијата, пренесува Би-Би-Си. Крајниот рок за извршување на договорот за преземање на Твитер, вреден 44 милијарди американски долари, истекува утре. Маск пред неколку месеци најави дека ќе ја...

„Пејпал“ нема да ги казни клиентите со 2.500 долари за ширење дезинформации

„Пејпал“ се повлекува од политиката согласно која би ги казнувала корисниците со 2.500 долари за ширење „дезинформации“. Оттаму велат дека неодамна по грешка излегло известување за прифатлива политика за користење која вклучува неточни информации. „Пејпал“ не ги казнува луѓето за дезинформации и никогаш не била намерата тоа да биде вметнато во нашата политика. Нашите тимови работат на корекции. Жалиме за...

Пресврт во договорот меѓу Маск и Твитер – милијардерот сепак ја купува социјалната мрежа?

Милијардерот Илон Маск се предомисли и сега е подготвен да продолжи со преземањето на Твитер, објави „Би-би-си“. Во писмото до компанијата, Маск се согласил да ја плати цената што ја понуди пред неколку месеци пред да се обиде да се повлече од договорот. Изненадувачкиот пресврт доаѓа само неколку недели пред двете страни да излезат на суд. Се сметаше дека Твитер,...

Акционерите на Твитер гласаа за одобрување на купопродажниот договор со Маск

Акционерите на Твитер изгласаа одобрување на договорот со Илон Маск за купување на компанијата за 44 милијарди долари. Тоа значи дека Твитер сега ќе се обиде на суд да го принуди Маск да ја купи компанијата, пишува „Би-би-си“. Средбата на инвеститорите на Твитер следеше по експлозивното сведочење на поранешниот шеф на безбедност во компанијата, Питер Затко пред американскиот Сенат, кој...

Твитер конечно воведува опција за промена на објавените твитови

Твитер конечно ја овозможува опцијата за промена на твитовите кога веќе еднаш се објавени. Ова е нешто што корисниците долго го очекуваа и посакуваа, јавува Би-би-си. „Ако забележите преуреден твит, тоа е затоа што ја тестираме опцијата. Ова се случува и сите ќе бидете добро“, споделија во твит од компанијата. Во моментов истата се тестира, а ќе биде достапна во следните...

Илон Маск се откажа од зделката од 44 милијарди долари за купување на Твитер

Најбогатиот човек на светот Илон Маск сака да ја раскине понудата од 44 милијарди долари за купување на Твитер, со тврдење дека биле прекршени повеќе точки од договорот, пренесе Би-Би-Си. Оваа информација е последна во долгиот развој на сагата за купување на социјалната мрежа која трае од април. Маск вели дека се откажал од намерата бидејќи Твитер не доставил доволно информации...

Илон Маск се закани дека ќе се повлече од договорот за преземање на Твитер

Elon Musk
Илон Маск се закани дека ќе се повлече од преземањето на Твитер со договор вреден 44 милијарди долари, обвинувајќи ја компанијата дека ги оневозможува неговите барања да дознае повеќе за нејзината база на корисници. Светските медиуми јавуваат дека во писмото поднесено до регулаторите, Маск вели дека има право да врши свои мерења на лажните профили на оваа платформа. Писмото доаѓа по...

Твитер казнет со 150 милиони долари поради продажба на податоци од своите корисници

Твитер во САД мора да плати казна од 150 милони американски долари откако органите обвинија дека незаконски ги користел податоците на корисниците за да помогне во продажбата на рекламите, јавува „Би-би-си“. Судските документи покажуваат дека Федералната трговска комисија и Министерството за правда на САД го обвинуваат Твитер дека го прекршил договорот што го имал со регулаторите. Според нив, прекршено е...

Акционери на Твитер ги тужат Илон Маск и Твитер

Elon Musk
Акционери на Твитер поднесоа тужби против Илон Маск и против Твитер поради „хаотичниот процес на преземање на компанијата“ што управува со истоимената социјална мрежа, во време кога преземањето на компанијата од страна на Маск не е завршен. Акционерите сметаат дека спроведувањето на овој процес довело до неочекувани и големи скокови на цената на акциите, известува „Си-ен-би-си“. Илон Маск, првиот човек...

Договорот за преземање на Твитер од Илон Маск ставен во мирување

Директорот на „Тесла“ и „Спејс Eкс“, Илон Маск, изјави дека договорот за преземање на Твитер вреден 44 милијарди американски долари е ставен во мирување. Како причина за паузирањето на постапката, Маск наведе дека очекува детали кои ќе го поддржат тврдењето на Твитер дека лажните профили на оваа социјална мрежа изнесуваат помалку од 5 проценти од вкупниот број корисници на...

Илон Маск го презема Твитер, зделката е вредна 44 милијарди долари

Elon Musk
Одборот на директори на Твитер најпосле се согласи - Илон Маск е новиот сопственик на една од најпопуларните и активни социјални мрежи во светот, Твитер, што ја откупи со склопување на договор вреден 44 милијарди долари. Ваквиот потег може да значи големи промени во начинот на кој што функционира оваа мрежа и да има несогледливи последици поради чекори преземени...

Илон Маск сепак нема да биде дел од одборот на директори на Твитер

Elon Musk
Минатата недела беше потврдено дека сопственикот на Тесла и еден од најбогатите луѓе на светот, Илон Маск откупи 9,2 отсто од акциите на Твитер и дека ќе стане дел од одборот на директори на големата социјална мрежа. Оваа вест ја потврди и извршниот директор на Твитер, Параг Агравал. Во неговиот последен твит, главниот извршен директор напиша дека Маск по своја...

Твитер ќе добие опција за уредување на веќе објавен твит

По долгото чекање на корисниците на социјалната мрежа Твитер, желбата се исполнува - веста дека тимот на Твитер работи на опцијата за преуредување на твитовите е официјално потврдена, пишува Би-би-си. Имено, откако ќе се постира твит истиот не може да се преуредува и да се поправаат грешки без да се загубат коментарите и лајковите. Од одборот на Твитер велат дека во...

Илон Маск станува дел од одборот на директори на Твитер

Elon Musk
Твитер го назначува извршниот директор на Тесла, Илон Маск, во својот одбор на директори, се вели во документот поднесен до американската Комисија за хартии од вредност, а пренесува „Д Врџ“ (The Verge). Маск ќе работи како директор од втора класа до 2024 година. Во неколку твитови досега извршниот директор на Твитер, Параг Агравал, ја потврди новата улога на Илон Маск. Тој...

Лажни видеа од Путин и Зеленски шират дезинформации за руско-украинската војна

Повторно се појави т.н. „дипфејк“ видео споделено на Твитер, на кое се чини дека рускиот претседател Владимир Путин прогласува мир, објави британскиот јавен сервис Би-би-си. Во меѓувреме, оваа недела платформите на Мета и Јутјуб отстранија исто такво лажно видео од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во кое тој зборува дека се предава. Неубедливиот фалсификат на претседателот Зеленски беше исмеан од многу...

Твитер и Фејсбук отстранија објави на Руската амбасада во Обединетото кралство за бомбардирањето на болница во Украина

Социјалните мрежи Твитер и Фејсбук, која е во сопственост на компанијата „Мета“ ги отстранија објавите на Руската амбасада во Обединетото Кралство за бомбрдирањето на детската болница во Мариупол, поради кршење на правилата против негирање на насилни настани, пренесува „Ројтерс“. Претходно, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека три лица, вклучително и едно дете се убиени во воздушниот напад во средата...

Твитер претстави нова верзија која ја заобиколува цензурата на информации од руските власти

Твитер лансираше своја нова верзија со заштитена приватност дизајнирана за да ја заобиколи цензурата и надзорот на руските власти за текот на информации во врска со конфликтот во Украина кој трае повеќе од две недели. Станува збор за „onion“ верзија кон која корисниците можат да пристапат преку спуштање на пребарувачот Tor што им овозможува пристап и до веб-сајтови достапни на...

Тинејџерот кој го следеше авионот на Елон Маск сега ги следи авионите на руските олигарси

Тинејџерот од Флорида, Џек Свини, кој онлајн го следеше приватниот авион на Елон Маск, има нова цел. Сега ги следи авионите на руските олигарси и ВИП личности, објави Си-Ен-Ен. Деветнаесет годишниот Џим, кој ја одби понудата на Маск од 5.000 долари за да го избрише неговиот профил на Твитер, неодамна лансираше две нови автоматизирани копчиња на Твитер - @RUOligarchJets и...

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...