Илон Маск сепак нема да биде дел од одборот на директори на Твитер

Elon Musk
Илон Маск / Фото: Daniel Oberhaus, CC BY-SA 4.0, Викимедија комонс

Минатата недела беше потврдено дека сопственикот на Тесла и еден од најбогатите луѓе на светот, Илон Маск откупи 9,2 отсто од акциите на Твитер и дека ќе стане дел од одборот на директори на големата социјална мрежа. Оваа вест ја потврди и извршниот директор на Твитер, Параг Агравал.

Во неговиот последен твит, главниот извршен директор напиша дека Маск по своја волја одлучил дека нема да стане дел од одборот и покрај тоа што одборот веќе му понуди место.

„Ние имавме многу дискусии во врска со неговото приклучување кон бордот, разговорите се водеа и директно со Илон. Ние верувавме дека дека тој ќе понуди посветеност и доверба во компанијата како и сите останати членови и ќе работи од нејзин интерес и од интерес на сите други акционери. Од тие причини му понудивме место и истото го објавивме во вторникот, и оваа одлука требаше да стапи на сила од 9-ти април. Илон уште истото утро, во вторникот сподели дека нема да стане дел од одборот и тоа е негова одлука што ние ја почитуваме. Верувам дека вака е најдобро. Ние секогаш го цениме придонесот на нашите акционери без разлика дали се дел од одборот или не, а Илон е најголемиот акционер во Твитер па компанијата останува отворена за неговиот придонес“, пишува во твитот на Агравал.

Маск поседува 9,2 од акциите на компанијаа и истото го објави минатиот понеделник на 4-ти април, еден ден пред одборот да ја именува својата одлука. Неговата позиција требаше да биде диркетор од втора класа до 2024 година.

И покрај постојаните забелешки, коментари како и анкети за подобрување на Твитер, неговиот последен потег со откупување голем дел од акциите, Маск одлучи дека нема стане дел од управниот одбор на Твитер.

Илон Маск станува дел од одборот на директори на Твитер