Илон Маск станува дел од одборот на директори на Твитер

Elon Musk
Илон Маск / Фото: Daniel Oberhaus, CC BY-SA 4.0, Викимедија комонс

Твитер го назначува извршниот директор на Тесла, Илон Маск, во својот одбор на директори, се вели во документот поднесен до американската Комисија за хартии од вредност, а пренесува „Д Врџ“ (The Verge).

Маск ќе работи како директор од втора класа до 2024 година.

Во неколку твитови досега извршниот директор на Твитер, Параг Агравал, ја потврди новата улога на Илон Маск. Тој го опиша Маск како „страстен вереник и интензивен критичар на службата“ и рече дека ќе му донесе голема вредност на одборот.

Маск во својот одговор преку Твитер рече дека со нетрпение очекува да направи „значителни подобрувања на Твитер во наредните месеци“.

Претходно во понеделникот Маск објави дека купил 9,2 отсто од акциите на Твитер и покрај неговите поплаки за слободата на говорот на оваа платформа. Ова купување на акции го прави Маск најголемиот индивидуален акционер на компанијата.

Додека е на оваа позиција, Илон Маск нема да може да купи повеќе од 14,9 отсто од акциите на Твитер.

Поранешниот извршен директор на Твитер, Џек Дорси, изрази дека е среќен што Маск се приклучува на одборот на Твитер, додавајќи дека тој длабоко се грижел за нашиот свет и за улгоата на Твитер во него. Дорси се повлече од својата функција во ноември минатата година, но до следниот месец ќе остане во одборот на директори на Твитер.